10.8 C
Скопје
17:54 - 30 март, 2026

Со овој едноставен пијалак цел ден ќе бидете снабдени со магнезиум

Недостаток на магнезиум може да доведе до посериозни здравствени проблеми, како што се аритмија, ангина, висок холестерол и висок крвен притисок, како и зголемување на ризикот од срцев удар.

Симптоми на недостаток на магнезиум:
– абнормални и неправилни отчукувања на срцето
– замор и чувство на исцрпеност
– главоболки
– грчење на мускулите
– лошо расположение што доведува до депресија
– ѕвонење во ушите
– проблеми со бубрезите, односно појава на камења во бубрезите

Пијалак полн со магнезиум
Еве кои намирници се добри за овој пијалак.

Семките од лен се одличен извор на магнезиум, освен што имаат антивоспалително дејство, содржат омега-3 масни киселини, кои ја воспоставуваат хормоналната рамнотежа што е одговорна за расположението. Бадемовото млеко е исто така извор на магнезиум и витамин Д. Семките од тиква се добар избор, бидејќи нивните состојки ја смируваат нервозата и поттикнуваат добар сон.

Состојки:

• 25 гр семки од тиква
• 200 мл бадемово млеко
• 2 лажици семе од лен
• 1 портокал (или ½)

Подготовка:
Ставете ги семките од лен и од тиква во блендер, па додадете го портокалот. Додадете го млекото и мешајте околу 30 секунди. Оставете кратко за сè да се стегне и да се поврзе.
Пијалакот можете да го консумирате наутро и навечер.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....