7.8 C
Скопје
00:25 - 21 октомври, 2026

Мајка со објава на „Инстаграм“ предизвика бурна дебата во врска со децата и екраните

блогерка мајка семејство

Мајката од Вирџинија проговори, откако беше критикувана на социјалните мрежи поради нејзината спонзорирана објава, во која ги повика децата да се занимаваат со активности на отворено, наместо да гледаат во екраните.

33-годишната блогерка за животен стил и мајка на три деца, Брук Рејболд која рекламира бренд за лекови против алергии, во мај објави фотографија која беше дел од нивната кампања.

На фотографијата, таа позира со децата, држејќи натпис: „Одиме во шумата затоа што децата нема да ги паметат најдобрите денови од телевизија“.
Скриншот од нејзината објава започна да кружи на „Твитер“ во јуни, откако беше објавена на профилот @false_rumors.

„Чувствувам дека ова е 100 проценти невистинито“, беше описот на контроверзната фотографија, која собра 100.000 лајкови и илјадници споделувања и коментари.

„Се согласувам со тоа дека технологијата и внатрешните активности за деца не се нужно лоши, но претпочитам да ги охрабрувам моите деца да го ценат надворешниот свет. Ние се фокусираме на тоа да ги вадиме децата на воздух, наместо да гледаме телевизија. Се разбира, тие тоа го прават повремено, но не постојано “, рече блогерката.

Таа е од Јужна Калифорнија, па поголемиот дел од своето детство го поминувала на отворено, но свесна е дека има региони или клими каде е подобро да се остане во затворен простор. Затоа, таа не им суди на другите родители.

„За некои родители е сосема во ред тоа што нивните деца поминуваат време пред екраните. Едноставно е – сите се обидуваме да го направиме она што мислиме дека е најдобро за нашите деца. Ова што се случи нема да ја промени мојата филозофија”, истакнува Рејболд.

Некои корисници на социјалните мрежи ја критикуваа поради тоа што тие најубавите спомени од детството, ги врзуваат за екраните.

„Постојано се сеќавам дека гледав телевизија со членови на семејството кои ги нема повеќе. Поважно е со кого си, отколку што правиш”, рече едно лице.

Имаше и коментари дека мајката лаже: „Совршената мајка се прави паметна за другите, а веројатно не мрда од мобилниот телефон. Таа заработува пари од социјалните мрежи, така што, јасно е дека мора постојано да биде присутна на нив”.

Извор: „Индекс“

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....