-2.2 C
Скопје
07:06 - 19 декември, 2024

ЗДРАВА БРЕМЕНОСТ: Кој витамин е неопходен од зачеток па се до породување?

Витаминот Д3 е стероиден витамин кој често знае да биде во недостаток во текот на бременоста.
На човековото тело му е потребен витаминот Д3 за да одржи здрави нивоа на фосфор и калциум во своето тело кое помага при правилен развој на коските и спречување на губење на коскена маса.

Во период на бременост, потребата од калциум е значително зголемена заради развојот на коските на бебето кои го одземаат најголемиот дел на калциум од дневниот внес.

За зголемена апсорпција на калциумот од клучно значење е витаминот Д3. Овој витамин е клучен во текот на целиот процес на складирање и распоредување на калциумот во коските бидејќи витаминот Д3 е катализатор на калциумот.

Со други зборови калциумот само би поминувал низ човековото тело доколку витаминот Д3 не го задржи и складира во коските.

Недостатокот од витаминот Д3 е чест за време на бременоста, бидејќи мајчиното тело користи голем дел од него при обработка на калциумот, кој пак од друга страна е најпотребен во месеците на бременост за правилен развој на коскениот скелет на новороденчето, како и за здрави коски кај мајката.

Недостатокот на витамин Д3 во текот на бременоста може да биде фатален и треба да биде сфатен сериозно.

Недостатокот од овој сончев витамин, може да доведе до развивање на абнормално коскено ткиво, скршеници на оски или пак рахтис кај новороденчето.

Недостатокот на витаминот Д3 е клучен фактор за развивање на рахитис, односно е најчестиот причинител на оваа коскена болест.
Најубаво би било, мајката да конзумира повисоки нивоа на витаминот Д3 во текот на бременоста не само за да ги намали ризиците кои ги носи недостатокот на овој витамин во текот на бременоста, туку и да не го пренесе тој недостаток на новороденчето кое подоцна може да развие рахитис.

Исто така, конзумирањето на витаминот Д3 во текот на бременоста може да го намали значително ризикот од гестациски дијабетес кој се јавува исклучиво во бременоста и во поново време пројавува врска со недостатокот од витамин Д3.
Исто така, ниските нивоа на сончевиот витамин може да направат компликации при самиот пораѓај, со тоа што се повеќе недостатокот од витаминот Д3 се поврзува со поголеми шанси од потреба за царски рез.

Суплементирањето со овој витамин исто така значително го намалува ризикот од бактериски вагинози во текот на бременоста кај мајката.

Симптомите на недостаток од овој витамин се многу суптилни и најчесто проблемите кои произлегуваат од неговиот недостаток не ретко се погрешно дијагностицирани и превидени.

Најчесто, пренаталните витамини не обезбедуваат високи нивоа на витаминот Д3, па затоа е потребна дополнителна суплементација, поготово во зимските и есенските месеци кога сончевата светлина е намалена па така нашето тело има веќе намалени нивоа на Д3.

Освен тоа, витаминот Д3 го намалува ризикот од зголемен крвен притисок во текот на бременоста.
Меѓутоа, сончевиот витамин не е корисен само за мајките. Недостатокот од овој витамин може да придонесе до низок број на сперматозоди кај мажите со што може да го одложи периодот на зачнување.

Од друга страна пак, недостатокот на овој витамин влијае и врз неплодноста кај жените.
Преку регулирање на нивоата на прогестерон и естроген тој доведува до порегуларни месечни циклуси, со што може да помогне и кај синдромот на полицистични јајници како и ендометриоза што во многу често знаат да бидат причини за одложено зачнување, па и неполодост.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....