19.8 C
Скопје
07:48 - 9 септември, 2024

Снимила стотици филмови за возрасни, а сега е ѕвезда на модната писта: „Мајка ми се откажа од мене“

Серијата „Еуфорија“ доживеа неверојатен успех во последните три години. Многу актери почетници станаа познати, меѓу кои и 24-годишната Клои Чери. Убавата русокоса има блескава кариера, а почетоците ни оддалеку не и биле толку блескави, иако се гордее со нив.

Чери неодамна гостуваше во подкастот „Call Her Daddy“, каде што отворено зборуваше за нејзината поранешна работа во порно индустријата и за фактот дека таа работа ја довела до лоши односи со нејзината мајка.

-Често имав односи и со пет-шест мажи. Тоа ме возбудуваше, уживав што толку многу ме посакуваа – изјави таа и истакна дека нејзината кариера во порно индустријата придонела да изгуби многу пријатели, но дека најголемиот удар и биле зборовите на нејзината мајка со која повеќе не комуницира.

-Мајка ми велеше дека сексуалната работа е најниската точка до која можеш да дојдеш. Таа мислеше дека сум на дното на мојот живот, а јас воопшто не се согласував со тоа. Не знам дали има луѓе што ќе се согласат со неа, но мислам дека уништувањето на сопственото семејство е многу полошо. Моето семејство не е само мајка ми и сѐ уште сум многу блиска со другите – додаде таа.

Инаку, Клои ја напуштила кариерата во порно индустријата откако снимила повеќе од 200 порно филмови за возрасни. Сепак, нејзиниот профил на платформата OnlyFans се уште е активен, а претплатата е пет долари месечно.

Воедно, 24-годишната девојка успеала да стане вистинска манекенка што соработува со луксузни дизајнери, а неодамна прошета и по модните писти за време на ревиите на брендовите Blumarine и LaQuan Smith.

Во подкастот актерката зборуваше и за нарушувањето во исхраната со кое се борела со години, а го добила во 2015 година на само 18 години, поради изјавата на нејзиниот порно агент, кого не сакала да го именувала, зашто ја нарекол „мрсна“.

-Сите ви велат дека сте дебели, а најбрзиот начин за слабеење е да не јадете. Беше многу чудно зашто никој никогаш ми немаше кажано дека сум дебела, па тоа ми стана опсесија. Се чувствував мизерно, живеев со 200 калории дневно – рече таа.

Чери закрепнала дури во 2020 година со помош на нејзините пријатели и терапевти.

-Мило ми е што се опоравив. Тоа ми го промени животот. Само јас можам да кажам дека се чувствувам добро во своето тело, никој друг нема да го направи тоа наместо мене“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CALL HER DADDY (@callherdaddy)

Слични објави

Остар пресврт на судбината: Три хороскопски знаци ќе го променат животот оваа есен

еспресо

(Фото) Ријана искритикувана за проѕирната наметка и тангата: „Како да носи завеса за туширање“

еспресо

Анѓелка Стевиќ се појави облечена во бело во црква: Актерката објави среќни вести!

Еспресо

(Фото) Семејството Ражнатовиќ не штеди пари: Вељко и Богдана престојуваат во хотел во Шпанија каде ноќевање чини 1.000 евра!

Еспресо

„Ми се може“: Синот на Дара Бубамара (15) дивее по улиците со Мерцедес

Еспресо

Ѕвездата на „Господар на прстените“ го искритикува кралското семејство: „Хари нема пријатели, а Чарлс е истрауматизиран“

еспресо
Се вчитува....