17:03 - 2 април, 2026

Песочен часовник, јаболко, крушка, правоаголник: Што и кога да јадете според типот на фигурата

Ви донесуваме начин на исхрана за тело во облик на песочен часовник, јаболко, крушка и правоаголник

Тип ЈАБОЛКО

Особини на фигурата:
Масивни рамена и гради, визуелно зголемено торзо, ненагласен струк.

Нутриционистите препорачуваат:
Минимум внесување на јаглени хидрати, зголемено внесување влакна. Дамите кои го имаат овој облик на тело се борат со холестерол и имаат опасност од развој на дијабетес и срцеви тегоби. Имаат и зголемено ниво на кортизол, хормонот на стрес.

Што да правите?
Стално истегнувајте се – јогата и истегнувањето ќе ве спасат.
Во исхраната фокусирајте се на „спорите“ јаглехидрати, на пример просото. Посното месо не го исклучувајте.

Заклучок: Избегнувајте масна храна.

Тип ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК

Особини на фигурата: Обемот на градите и на колковите е приближно еднаков, масните наслаги се собираат складно, подеднакво и на горниот, но и на долниот дел од телото. Струкот е забележливо нагласен.

Нутриционистите препорачуваат: Потребно е во исхраната да внесете лиснат зеленчук, говедско, јајца, ореви, немасни млечни производи.

Што да правите?
Обратете внимание на здравиот начин на исхрана и на вежбање. Се препорачува јога, аеробик, танци.

Заклучок:
Исфрлете ги слатките!

Тип КРУШКА

Особини на фигурата:
Масивен задник и пренагласени колкови, заоблени колена, тенок струк, а рамената и градите визуелно потесни од колковите. Вишокот килограми секогаш се лепи за задникот.

Нутриционистите препорачуваат:
Ако имате ваков тип на градба од исхраната исфрлете ги јаглехидратите и месото. Препорачливо е да јадете зеленчук со влакна, кисело млеко, посно месо и овошје.

Што да правите?
Обавезно исфрлете шеќерни пијалаци, пецива и слатки, како и маргарин и јаткасти плодови.

Заклучок:
За вас најдобра вежба е класично трчање.

Тип ПРАВОАГОЛНИК

Особини на фигурата:
Тесни рамена и колкови, мали гради. Кога оваа дама ќе добие вишок килограми, наслагите се собираат на стомакот и на колковите.

Нутриционистите препорачуваат:
Корисно е во исхраната да вклучите протеини и масна риба.

Што да правите?
Физичка активност, лесни вежби, пилатес, аеробик, танц.

Заклучок:
Ограничете ги кафето и слатките.

Слични објави

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо
Се вчитува....