10:57 - 12 ноември, 2026

Таа е „господарка на кристалните чевли“, соработува со Ријана, а се шпекулираше и дека имала афера со Асап Роки: Запознајте ја Амина Муада

На секои неколку години, поедини дизајнери на чевли некако успеваат да ја украдат наклонетоста на љубителите на модата, а таа славна титула сега убедливо и припаѓа на Амина Муада. Нејзините чевли, кои како да се создадени за забави, во последните месеци станаа незаменлив модел на обувки во колекциите на познатите убавици.

Ја нарекуваат господарка на кристалните чевли, има полуроманско и полујорданско потекло, а пораснала во Италија. Сакала да се занимава со мода уште од мала, а кариерата ја започнала како стилист во модни списанија во Италија. Во тоа време таа веќе почнала да се појавува на модните недели и да ги запознава вистинските луѓе.

Кога сфатила дека сето тоа не ја исполнува доволно, решила да го научи занаетот за изработка на чевли во околината на Венеција и по една година пракса, со пријател го основала брендот за чевли Oscar Tiye за да се повлече од оваа компанија пред да го основа сопствениот бренд. Во меѓувреме, почнала да работи на првите чевли за Vauthier.

Вистинскиот дизајнерски статус го достигнала дури кога го основала „Амина Муади“, бренд за кој вели дека е „100% мој и 100% јас“. На тој начин таа се приклучи на група инфлуенсери кои сопствениот лик го претворија во модни брендови кои живеат успешно.

Таа го претстави брендот за прв пат преку својот Инстаграм и ја распродаде комплетната колекција за 24 часа.

Амина Муади успеала да ги продаде своите чевли во рекордно време во екот на пандемијата, и покрај тоа што цените се движеа од 500 до повеќе од 1.000 долари.

Муади успешно комуницира со нејзината заедница на Инстаграм од речиси половина милион следбеници, нудејќи им содржини што сакаат да ги следат. Таа е поддржана и од познати личности како Дуа Липа, Џиџи Хадид и секако Ријана, со која работи на брендот Фенти.

Кога се прошири веста дека Ријана наводно раскинала со раперот Асап Роки, таткото на нејзиното тогаш неродено дете, се проширија шпекулации дека Ријана наводно го фатила како ја изневерува токму со нејзината дизајнерка на чевли Амина Муади, но дизајнерката го негираше тоа.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....