14:02 - 12 ноември, 2026

Кралот Чарлс прекинува традиција долга 185 години: Не сака да живее во Бакингемската палата

Кралот Чарлс Трети ќе ја прекине традицијата стара 185 години, пишуваат британските медиуми. Чарлс нема да се всели во Бакингемската палата, каде што живееле сите шест британски кралеви и кралици од 1837 година, кога кралицата Викторија дошла на тронот.

Чарлс и неговата сопруга Камила сакаат нивна резиденција и понатаму да биде Кларенс Хаус, која е оддалечена само неколку минути од Бакингемската палата и каде што живеат од 2003 година. Бакингемската палата и понатаму ќе биде официјално седиште на монархијата, но се претпоставува дека Чарлс нема да се пресели таму ни кога ќе биде целосно реновирана, во 2027 година.

Извор близок до кралското семејство за „Sunday Times“ изјави дека Чарлс се чувствува многу удобно во Кларенс Хаус, каде што мајката на кралицата Елизабета живееше до 2002 година. Чарлс смета дека Бакингемската палата не е прилагодена на современиот свет и не е одржлива ниту финансиски ниту еколошки, вели истиот извор.

Тој исто така додаде дека Чарлс сака да ја отвори Бакингемската палата за јавноста.

–Тој сфати дека сè мора да еволуира, а во модерната ера луѓето сакаат да влегуваат во палатите. Тој го поддржува тоа и ги смета за јавни, а не за приватни простори.

Наводно, се разгледуваат опции во Бакингемската палата да се постави постојана изложба во чест на кралицата Елизабета.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....