4.8 C
Скопје
05:42 - 31 јануари, 2025

Ова е најчеста грешка што повеќето луѓе ја прават при миењето на забите

девојка заби

Дури и ако ги миете забите двапати дневно, често користите забен конец и одите на стоматолог двапати годишно за рутинско чистење, можно е да прескокнувате еден важен чекор од оралната хигиена, а тоа е миење на јазикот.

„Вообичаено е луѓето да се фокусираат само на четкањето на забите и ненамерно да го занемарат јазикот“, вели стоматологот Џејмс Ванамејкер, член на стоматолошката асоцијација во Њујорк.

девојка, заби

„Вашиот јазик, кој е нерамна површина на која можат да се соберат различни микробиолошки суштества, можеби е главниот виновник за лошиот здив“, вели д-р Ванамејкер потенцирајќи дека за да ја одржите устата навистина здрава, чистењето на јазикот е клучно.

Како да го исчистите јазикот

За почеток, треба да ги исчистите забите. Започнете со конец, потоа мијте ги забите минимум две минути. После тоа, време е да го измиете јазикот. Постојат два начина: традиционална четка за заби или стругалка за јазик (пластична или метална алатка дизајнирана да го отстрани горниот слој на бактерии и остатоци од храна).

Ако користите четка за заби, едноставно ставете ја на задниот дел од јазикот и нежно четкајте ја со кратки движења напред-назад. Целта е да се измие целата површина на јазикот. Ако користите стругалка за јазик, ставете ја на задниот дел од јазикот и нежно повлечете ја напред кон врвот. Направете го ова неколку пати, исплакнете ја стругалката по секое поминување.

„Внимавајте да не притискате премногу, бидејќи е можно да го исечете или повредите јазикот“, вели д-р Ванамејкер.

девојка заби

Предности на четкање на јазикот

Чистењето на јазикот носи бројни здравствени придобивки:

Го подобрува здивот – Акумулацијата на бактерии на јазикот може да доведе до лош здив. Скоро половина од возрасните имаат халитоза (општо позната како лош здив).

Според една студија од 2013 година објавена во „Journal of Natural Science, Biology and Medicine“ се вели дека четкањето на јазикот може да ги неутрализира штетните бактерии кои шират лош мирис и да добиете посвеж здив.

Го намалува ризикот од расипување на забите и болести на непцата – Бактериите кои предизвикуваат лош здив можат да допрат и до вашите заби и непца, а тоа може да придонесе за проблеми како што се расипување на забите или заболување на непцата.

Слични објави

(Видео) Платиле 30.000 евра за неа: Ова е најскапата песна во историјата на регионалната музичка сцена!

Еспресо

Весна Змијанац без влакна на јазик: „Дуетот на зет ми Реља и Наташа Беквалац воопшто не ми се допаѓа“

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ со секси изглед: Шлиц до колк, мрежеста блуза и црн градник

Еспресо

Синот на Ивица Дачиќ брзо ја преболел пејачката, веќе има нова девојка: Откриени детали, еве каде се видени

Еспресо

(Видео) Танцување до зори: Српската актерка го прослави 30-тиот роденден со луда журка!

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Брза дијагностика на белодробна емболија

apostolova
Се вчитува....