16:01 - 31 јули, 2026

Откриен најефикасен лек за слабеење: И за губење килограми треба да се биде богат

Доколку ФДА ја потврди ефикасноста на лекот, „фер“ цена за тирзепатид може да биде околу 13.000 долари годишно или околу 1.100 долари месечно.

Лекот за слабеење од американската фармацевтска компанија „Ели Лили“, доколку биде одобрен, би можел да стане најпродаваниот лек на сите времиња. Штета што, најверојатно, само богатите ќе можат да си го дозволат. Здравствените експерти се надеваат дека лекот, наречен тирзепатид, ќе добие одобрение од Управата за храна и лекови следната година.

Годишната продажба на тирзепатид би можела да достигне рекордни 48 милијарди долари, според проценката на аналитичарот на „Бенк оф Америка„ Џеф Меахам. Друг аналитичар пак, Колин Бристоу од Волстрит, процени дека лекот ќе достигне годишна продажба од 25 милијарди долари, а таа бројка ќе го надмине рекордот од 20,7 милијарди долари поставен од лекот за ревматоиден артритис „Хумира“ во 2021 година.

Кели Смит, портпаролка на „Ели Лили“, одби да коментира колку ќе чини лекот за слабеење тирзепатид.
– Доколку ФДА ја потврди ефикасноста на лекот, „фер“ цена за тирзепатид може да биде околу 13.000 долари годишно или околу 1.100 долари месечно, рече д-р Дејвид Ринд, медицински директор на Институтот за клинички и економски преглед, истражувачка група која помага во одредување правични цени за лекови.

Како функционира? Наречен е GLP-1 агонист и имитира хормон кој помага да се намали внесот на храна и воопшто да се намали апетитот. Но, имитира и втор хормон, наречен ГИП, кој освен што го намалува апетитот, може да го подобри и начинот на кој телото ги разградува шеќерите и мастите. Клиничкото испитување од трета фаза покажа дека високата доза на тирзепатид им помага на пациентите да изгубат во просек 22,5% од нивната телесна тежина, подобро од кој било лек моментално достапен на пазарот. Дополнително, лекот во помала доза се очекува да биде одобрен и за третман на дијабетес.

Слични објави

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.
Се вчитува....