13:01 - 12 ноември, 2026

Мачката на Тејлор Свифт „тежи“ 97 милиони долари: Форбс ги рангираше најбогатите животни во светот 

Американската пејачка и глумица Тејлор Свифт е љубителка на животни, особено на мачки. Има две мачки Мередит и Оливија. А втората стана дел од рангирањето што го подготви Форбс. Според листата на богати миленичиња, Оливија, мачката на Тејлор Свифт, се наоѓа на трето место, односно е трето најбогато животно во светот. Шкотскиот фолд што Свифт го носи насекаде со себе, заработил 97 милиони долари. Најголем дел од приходите дошле преку модната колекција која била пуштена во продажба на веб-страницата на Тејлор Свифт.

Ако Оливија „теижи“ 97 милиони долари и е трета на листата на Форбс, кој е на врвот? На прво место е Гунтер VI, германски овчар во сопственост на корпорацијата Гунтер, вреден 500 милиони долари. Второто скалило на подиумот пак, го зазема мачката Нала Кат која има повеќе од 4 милиони следбеници на Инстаграм, а нејзината вредност изнесува 100 милиони долари.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....