Речиси стана модерно дека и самите сме подобри доктори од доктори и штом почувствуваме симптом, со три клика правиме онлајн дијагноза, иако појма немаме од медицината. Значи не е проблем, за секоја малку посилна болка или непријатност во телото, да дијагностицираме како имаме – рак, ебола, сида или некоја друга застрашувачка болест, а всушност сме здрави како дрен.
Бидејќи нашето тело е „дизајнирано“ да покажува симптоми на болест, секојдневно ни покажува и симптоми на здравје, кои често ги игнорираме.
Веројатно сте здрави ако имате:
Чиста жолта урина
Ако уринирате неколку пати на ден поголема количина на урина, а урината е светло жолта – не е заматена, темна, концентрирана и нема непријатен мирис. Ова е знак дека сте добро хидрирани и дека вашите бубрези и уринарниот систем веројатно се здрави. Речиси безбојната урина покажува дека внесувате премногу вода и дека можеби губите вредни електролити преку урината. Концентрирана, темна урина укажува на дехидрација.
Редовна столица
Ако столицата е редовна, нема крв во неа, немате дијареа, запек или болки при варење на храната – сето тоа укажува на здравјето и нормалното функционирање на дигестивниот систем.
Нормална тежина
Нормалната тежина е знак за добро здравје. Дебелината или прекумерното слабеење укажуваат на можни здравствени проблеми. Исто така, доколку отсекогаш сте имале нормална тежина, а неодамна сте ослабеле или сте се здебелиле многу – ве советуваме да посетите лекар.
ТРИ МОЌНИ ЗАЧИНИ КОИ ГИ ЧИСТАТ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ: Светото тројство за прочистување од цигари и токсини
Раните брзо зараснуваат
Ако малите рани, гребаници или изгореници зараснуваат долго време или ако ви се појават модринки по лесен притисок – посетете лекар. Инаку, честитки – веројатно сте здрави. Вашата крв се згрутчува нормално, белите крвни зрнца се грижат за отстранување на бактериите и вашите крвни садови се здрави.
Здрави нокти и коса
Косата и ноктите се првите показатели за недостаток на одредени минерали и витамини во телото што може да резултира со слаби и кршливи нокти или губење на косата. Ако вашиот најголем проблем е изборот на лак за нокти или дека би сакале да имате права, а не виткана коса – опуштете се. Веројатно сè е во ред.
НАПИТОК ОД 3 СОСТОЈКИ КОЈ ЌЕ ВИ ГО ПРОЧИСТИ ОРГАНИЗМОТ: Особено е важен за црниот дроб
Редовна менструација
Редовната менструација со благ ПМС е најдобар показател за репродуктивното здравје. Неправилни, болни менструации и обилно или продолжено крварење се знаци дека треба да посетите гинеколог.
Немате проблеми со спиењето
Точно, огромното мнозинство од нас не спие доволно и повремено доживува несоница. Но, ако претежно спиете цела ноќ без да се разбудите, не се потите прекумерно во текот на ноќта, не се будете премногу често за да одите во тоалет и ако се будите барем делумно одморени – сè е во ред.
ЗДРАВЈЕТО ВЛЕГУВА ПРЕКУ УСТАТА: Колку овошје, а колку зеленчук треба да јадеме секој ден?