11.8 C
Скопје
11:42 - 27 октомври, 2026

НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ: 4 сигнали дека веќе анксиозноста зема силен замав

Анксиозноста е чувство на интензивен страв, грижа или преголема загриженост за нешто што е во ваша контрола или надвор од неа.

Сосема е нормално одвреме-навреме да имате краткотрајни епизоди на анксиозност, но ако тоа е долготрајно и сериозно, може да значи дека имате анксиозно нарушување.

Негови најчести симптоми се: намалување на когнитивните функции, проблеми со памтењето, постојана загриженост, страв, збунетост, раздразливост и проблеми со спиењето.

Исто така, може да почувствувате и напнатост, слабост, отежнато дишење, проблеми со варењето, неправилно срцебиење, потење, болки во делови од телото и вртоглавици.

Најизложени на анксиозност се оние кои имаат семејна историја со ова нарушување, но и жртви на вербално и невербално насилство во детството, големите стресови и трауми, а може да биде последица и на земање одредени лекови.

Ова се 4-те сигнали кои треба да го вклучат алармот дека ви треба помош:

Симптомите ми се манифестираат и физички

Тие не само што го нарушуваат вашиот живот, туку и ви создаваат проблеми кои се слични со други здравствени состојби. Разговарајте со својот лекар за да може да ви се постави точна дијагноза.

Понекогаш можеби ќе треба да се подложите на интензивна психотерапија или пак да земате лекови, но најважно е да ги следите советите на вашиот доктор.

Не ви се излегува меѓу луѓе

Домот е вашата безбедна зона. Можеби прво мислевте дека едноставно не сте тип што сака да се шета, но со тек на време сфативте дека секое напуштање на домот ви создава паника. Дури и кога ќе излезете, одите само на места кои ви се добро познати, но не сакате да менувате.

Поради ваквото однесување страдаат и пријателствата, но и личните односи.

На социјалните мрежи ви е полошо

Симптомите ви се влошуваат кога сте активни на социјалните мрежи, а причините може да бидат многубројни, од споредување со другите, па сè до недостигот на реална комуникација.

Терапијата ви е последна шанса

Досега пробавте на многу начини да направите да се чувствувате подобро, но не ви успева. Се обидовте и со исхрана, со променет животен стил, со практикување вежби, но ништо од тоа не ви помогна.

Затоа помирете се дека конечно треба да побарате соодветна помош и направете го тоа.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Искуство од пациент во Клиника „Жан Митрев“: Приказна за сложени хируршки предизвици, стручност и посветеност

СП.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.
Се вчитува....