00:59 - 10 јануари, 2026

КУЈНСКИ АПАРАТИ КОИ РЕТКО ГИ ЧИСТИМЕ, А СЕ ЛЕГЛО НА БАКТЕРИИ: Кои се тие?

Unsplash

Кујната е место каде поминуваme многу време и најважно ја чуваме храната и приборот со кој јадеме, па затоа е потребно да е совршено чиста. Сепак, за време на подготовката на храната, нечистотијата и бактериите се акумулираат и се шират.

Фото:Pixabay

Но, едно истражување спроведено од продавницата за кујнски прибор „ Oliver’s Kitchen “ покажа загрижувачки резултати во хигиената на овој простор во домот, односно кон одредени кујнски апарати.

Фото:Pixabay

Авторите на истражувањето откриле дека има неколку кујнски апарати кои луѓето немаат навика да ги чистат, а највалканиот меѓу нив е микробрановата печка. Имено, резултатите покажаа дека осум од десет испитаници не ја исчистиле ниту еднаш.

На второ место според нечистотијата е рерната, која исто така ретко ја чистат, дури 69 проценти од луѓето. Третото неславно место го зафаќаат кујнските крпи, кои, според експертите, треба да се менуваат на една недела. Сепак, 62 проценти од испитаниците не се согласуваат со таа теорија.

Фото:Pixabay

Исто така, 48 проценти од луѓето велат дека не го чистат фрижидерот затоа што нема потреба, иако складираме храна во него.

Еден резултат особено ги изненади авторите на истражувањето – дури 21 процент од луѓето не ги мијат рацете пред да започнат со подготовка на оброците, пренесува Метро.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....