00:21 - 2 април, 2026

КОНЕЧНО ЗНАЕМЕ: Колку време по прележување на ковид-19 имаме антитела

Unsplash

Колку долго остануваат антителата во телото по ковид-19 е едно од клучните прашања за кои го бараме одговорот од почетокот на пандемијата…

Во истражување, објавено во „Nature Microbiology“, кое се заснова на тестирање на антитела на 38 пациенти и здравствени работници во болницата „Сент Томас“ кои биле заразени за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус, пред да бидат вакцинирани се открило дека:

И покрај првичниот пад на нивото на антителата веднаш по инфекцијата, кај повеќето луѓе (18/19 пациенти) антителата биле откриени 10 месеци по инфекцијата.

Истражувачкиот тим, предводен од д-р Кејти Дорс од „Факултетот за имунологија и микробиолошки науки„, исто така тестираше како антителата создадени за борба против специфична варијанта на SARS-CoV-2 ќе реагираат на други варијанти. Се покажа дека антителата генерираат силен одговор на повторна инфекција со истиот сој, но биле помалку ефикасни кога се бореле со други соеви, пренесува „ King’s College“ во Лондон.

ковид вакцина истражување
ФОТО: Unsplash

Антителата се врзуваат за шилестиот протеин на вирусот SARS-CoV-2, а вакцините го имитираат овој протеин за да создадат имунолошки одговор. Сепак, мутациите во новите соеви на вируси (алфа, бета, делта) предизвикаа загриженост за тоа дали вакцините развиени за да ја таргетираат оригиналната варијанта на коронавирус ќе бидат ефективни против новите варијанти и дали новите вакцини треба да се редизајнираат.

Овие резултати сугерираат дека вакцините специјализирани за еден вид би биле помалку ефикасни во однос на другите соеви и дека вакцините дизајнирани за оригиналната варијанта на вирусот, обезбедуваат најдобра заштита од сите соеви.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....