10.8 C
Скопје
17:46 - 24 февруари, 2026

КАКО ДА ИЗЛЕЗЕТЕ НА КРАЈ СО ДЕТЕ КОЕ ОДБИВА ДА ЈАДЕ: Еве неколку трикови

дете

Нема ништо потешко за еден родител од дете кое нема желба ниту да ја проба храната што сте му ја подготвиле. За жал, ова е станува дел од секојдневието на новите родители кои веќе не знаат како да ги натераат своите деца да јадат.

Ако сте во слична ситуација или знете некој кој мака мачи со своето пребирливо дете, кога е храната во прашање – не очајувајте, постојат неколку трикови со чија помош можете да излезе на крај со проблематичниот јадач.

ИМАЈТЕ НА УМ: Не се расправајте пред децата, тоа може да има трајни последици

Претркајте го

Ако детето е малечко и штотуку се запознава со разновидна храна, но тоа ја турка и плука сè што не му се допаѓа, не треба да очајувате. Искористете го фактот дека тоа сè уште не знае за многу работи и природно е да не ги познава сите вкусови. Покажете му нешто многу убаво, шарено, привлечно, тргнете кон устата и во последен миг со другата рака, да не ве забележи, ставете му ја лажицата со пире во устата. Ако притоа му пеете песничка или му раскажувате нешто интересно, бебето сигурно ќе го забележи тоа, наместо различните вкусови.

дете

Мешање храна

Ако сте пробале разни техники, но вашето дете никако не сака да јаде нешто што знаете дека е здраво, можете да го испасирате во мала количина и да го додадете во главниот оброк. Пирето и варените јадења со сосови се соодветни за вакви ситуации. Вооружете се со трпение затоа што на тој начин можете да ставите мала доза во споредба со количината храна која би требало да ја изеде. Но, ако го правите ова често, неговиот организам може да се навикне на новиот вкус малку по малку на пример на брокули.

ДЕТЕТО ВИ ПРАВИ СЦЕНИ ВО МАРКЕТИ? Оваа мајка има одличен трик за вас!

Декоративна чинија

Вложете малку фантазија и ставете ги несаканите состојки со финеси на детска чинија. Направете ќофтенца, сендвичи, мали залчиња, што било за кое знаете дека ќе му се допадне на детето кога на јадењето ќе направите и декорација – очи, уста, нос, мустаќи, коса, облаци, дрвја, сонце, што било ќе ви текне. Сите декорации треба да ги направите со овошје и со зеленчук, кои детето во принцип не ги сака. Во вид на игра, веројатноста да изеде снежно дрво е многу поголема од тоа да го натерате да јаде парче карфиол.

девојче дете

Одвлекување внимание

Децата обично се занесуваат кога гледаат цртани филмови или игри на телевизија или компјутер. Во тој момент кога детето не слуша и одговара на она што го прашувате, само затоа што е заинтересирано за темата на цртаниот филм, имате одлична можност да му сервирате нешто што во други услови не би го сакало. Од друга страна, ако непријатниот вкус успее да го врати детето во реалност, вие повторно можете да го искористите цртаниот филм како помошен инструмент. На децата што не сакаат да јадат, потребно им е поголемо внимание и фантазија од родителите, но секако трудот вреди.

Слични објави

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо
Се вчитува....