-1.2 C
Скопје
05:00 - 11 март, 2026

(ФОТО) БРАВО ЗА ПРИЛЕПЧАНКАТА ЕЛИ: Од 130 кг. се симна на 89, и продолжува понатаму!

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ оваа есен.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма за време на есента. Зашто, не заборавајте, убавите тела кои ги гледаме секоја пролет и лето, се „вајаат“ токму во есен и во зима.

А, некои веќе успеаа во тоа! 

Таков е примерот со прилепчанката

Елизабета Магдеска Петкоска

.

На прашањето зошто се реши на таков чекор првпат после толку години и цел живот со прекумерна тежина, таа одговори: „Од инает, зошто ми рекоа дека после 40та година тешко дека ќе ослабеш! Е па им докажав дека можам“, се смее Елизабета Магдеска Петкоска и продолжува:

„Важна е волјата, истрајноста и упорноста!“

фото – приватна архива

А очигледно Ели имаше доволно волја за од 130 кг да се симне на 89 во моментов, а продолжува и понатаму, се разбира постепено и под надзор од својата менторка. За седум месеци!

На прашањето како успеа, таа вели: „Слушај си ја учителката и држи се до правилата, и онака од ништо не си скратен, јадеш се во доволна количина и гладен не си воопшто. Е сега, нема смоки, нема месено, ни чајна, ама мотивот е голем, кога гледаш како постојано јадеш, а килограмите одат надолу!“

Ели е пример за упорност, покрај програмата за исхрана, таа се приклучи и на фитнес часовите кај Елена, на почетокот во студио, сега онлајн во живо со неа, и после толку месеци таа сѐ уште не пропушта час!

– На почетокот поради килажата, голем дел од вежбите се чинеа невозможни, но Ели никогаш не се откажа, прво ги модифицираше и секој следен час можеше се повеќе и повеќе, за сега без проблем да бира дали да се приклучи во тешка или во лесна група и да одработи се без застанување. Е тоа е упорност!, ни рече фитнес инструкторката Елена Мирческа.

фото – приватна архива

Покрај тоа, Ели почна да се качува и на планини. Ако на почетокот и беше тешко и ѝ требаше многу време да искачи некое мало ритче околу Прилеп, сега за неа предизвик се вистински врвови, меѓу кои и Солунска глава, која е предизвик и за сите искусни планинари, а таа во неполни два месеци ја качи дури два пати!

Ели е вистинска мотивација и инспирација за сите жени кои се соочуваат со прекумерна тежина и се борат со истата со години. Таа им порачува на сите да пробаат и да не се откажуваат кога ќе дојде кризен период, зашто тој поминува, а одразот во огредалото е она што останува!

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....