13.8 C
Скопје
18:40 - 14 мај, 2024

(ФОТО) Ако менталните болести беа живи суштества како би изгледале? Илустрации што нè натераа да се замислиме

хиперактивхи АХДХ

Илустрациите на еден канадски уметник нè натераа да се подзамислиме и да размислиме за нашите, но и за емоциите на блиските, кои не ги разбираме доволно.

„Ако менталната болест беше живо суштество – како би изгледало тоа?“, Праша канадскиот уметник Силви. Судејќи според илустрациите што ги понуди како одговор – прилично застрашувачки и монструозно.

Силви на социјалните мрежи објави низа свои дела инспирирани од ментални болести, со цел да собере пари за помош на непрофитната организација „Национален сојуз за ментални болести“. Неговите придружници му испратија предлози, а тој ги претстави како живи суштества. Ако знаете какви маки носат, разбирате и зошто изгледаат толку морничаво.

ДЕПРЕСИЈА

ДЕПРЕСИЈА СИЛВИ
ФОТО: Инстаграм

Депресијата е нарушување во расположението кое влијае и на телото и на умот, а неговите главни симптоми се недостаток на радост за животот, чувство на тага и празнина, летаргија, ниско ниво на енергија и брзо заморување, страв, несоница, размислување за смртта, нарушена концентрација и внимание, намалена самодоверба и самопочитување, чувство на вина, безвредност и беспомошност, раздразливост, напнатост, но и физички нарушувања како што се главоболка, вртоглавица, хронична болка

АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

алцхајмер силви
ФОТО: Инстаграм

Алцхајмеровата болест е дегенеративно нарушување на мозокот кое настанува во средените или доцни години од животот. Оваа болест ги уништува невроните и врските во церебралниот кортекс, што пак доведува до значително губење на мозочната маса. Денес, Алцхејмерот се смета како главна причина која предизвикува сенилна деменција.

АНКСИОЗНОСТ

силви анкциозност
ФОТО: Инстаграм

Анксиозноста е нарушување кое вклучува постојано чувство на страв дека ќе се случи нешто лошо. Анксиозноста со напади на паника вклучува неконтролирани напади на паника и страв што се јавуваат ненадејно и континуирано, придружени со физички симптоми, како што се зголемено потење, болка во градите или пецкање, ненадејно забрзување на отчукувањата на срцето, чувство на задушување и слично.

ПОСТТРАУМАТСКО СТРЕСНО НАРУШУВАЊЕ (ПТСН)

ПТЦС
ФОТО: Инстаграм

Ова нарушување претставува вид на вознемиреност која се јавува како последица на психолошка изложеност на стресни искуства, кои вклучуваат смртна опасност, сериозни физички повреди или закана за физичкиот интегритет на една личност, што тоа лице го доживува крајно трауматично. Основната карактеристика на ПТСН е постојаното преживување на траумата.

ХИПЕРАКТИВНО НАРУШУВАЊЕ ПОРЕДИ НЕДОСТАТОК НА ВНИМАНИЕ (АДХД)

хиперактивхи АХДХ
ФОТО: Инстаграм

Состојба која се карактеризира со многу висок степен на моторна активност (хиперактивност) како манифестација на многу висока активност на умот. Обично исчезнува по пубертетот, но кај некои луѓе трае цел живот.

БИПОЛАРНО НАРУШУВАЊЕ

силви биполасрно однесување
ФОТО: Инстаграм

Нарушување на расположението во кое се менуваат епизоди на манија (зголемено расположение, зголемена енергија и активност) и, од друга страна, депресија, понекогаш дури и во текот на еден ист ден. Постојат огромни осцилации на расположението, и доколку епизодите се тешки, ја онеспособуваат личноста да го живее функционално секојдневниот живот.

АНОРЕКСИЈА

анорекција силви
ФОТО: Инстаграм

Анорексија е тешко нарушување во исхраната чии причини се од емотивна природа. Анорексија не се јавува поради губење на апетит, но во основа е постојан и потполно неразумен страв од дебелеење, кој не стивнува дури и кога слабеењето достигнува животозагрозувачки размери.

АУТИЗАМ

аутизам силви
ФОТО: Инстаграм

Аутизмот е многу комплексно нарушување на развојот на мозокот, кое се карактеризира со мала или никаква социјална интеракција и комуникација, како и ограничени и повторливи обрасци на однесување.

 

Слични објави

Посетете ја изложбата во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје: „Ние имаме природна интелигенција! Не вештачка…“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ наиде на потешкотии по 23 дена пешачење кон Грција: „Пулсот ми е 95, малку ми се приспа“

Еспресо

(Видео) Прва снимка од тајната венчавка на Сергеј Трифуновиќ и убавата Исидора: Невестата го фрла бидермаерот

Еспресо

Конфликтите се неизбежни: Кои со кои хороскопски знаци никогаш нема да се разберат!

еспресо

Семејството Ражнатовиќ пука од среќа: Вељко откри на кого личи бебето

Еспресо

Колку ќе заработи Јелена Карлеуша од Онлифенс? Голите фотографии ќе ѝ донесат куп пари

Еспресо
Се вчитува....