-3.2 C
Скопје
23:39 - 22 декември, 2024

Девет домашни лекови за ублажување на артритисот и болните зглобови

Артритисот е хронична прогресивна воспалителна болест, која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Постојат 100 различни видови на оваа болест, а најчести форми се остеоартритис (дегенеративна болест на зглобовите) и ревматоиден артритис.
И покрај тоа што е карактеристичен за постарите лица, во последниве години ја погодува сè помладата популација. Артритисот е почест кај жените, а ова се неговите симптоми:
– болки во зглобовите
– вкочанетост
– отеченост
– деформација на зглобовите
– ограничена подвижност

Што да направите?
За ублажување на болестите предизвикани од артритис, потребно е да бидете физички активни и да одржувате здрава телесна тежина. Меѓутоа, честопати забораваме дека постојат и природни лекови за зглобовите и коските во нашето опкружување, а ова е список со најдобри лекови за артритис!

1. Ѓумбир
Ѓумбирот има антивоспалителни својства. Изрендајте го и исушете го. Измешајте 3 лажички мелен црн пипер, 6 лажички ѓумбир и 6 лажички мелен ким. Еднаш дневно изедете ½ лажичка од оваа мешавина со чаша вода. Освен тоа, обидете се да нанесете масло од ѓумбир на погоденото подрачје. Ѓумбирот е вистински природен лек за воспаление на зглобовите. Редовно консумирајте суров ѓумбир бидејќи ја поттикнува циркулацијата што, на крајот, ја намалува болката.

2. Епсом сол
Оваа сол е богата со магнезиум кој помага во регулирање на вредностите на пХ во нашиот организам. Премногу висока киселост може да предизвика воспалителни болести како артритис. За да ја намалите пХ-вредноста на организмот, додадете две шолји епсом сол во топла бања. Исто така, во ½ шолја топла вода додадете сок од лимон и епсом сол. Пијте по една лажичка од оваа мешавина двапати на ден.

3. Куркума
Куркумата содржи куркумин, кој има антивоспалително дејство. Секој ден пред спиење испијте чаша млеко со една лажичка куркума.

4. Рибино масло
Рибиното масло содржи омега-3 масни киселини коишто можат да ја намалат болката бидејќи имаат антивоспалително дејство. Дневно пијте 1 до 2 лажички од ова масло на празен желудник.

5. Масажа
Масажата со масло од синап може да го отстрани воспалението и болката предизвикана од артритис. Маслото од синап ја стимулира циркулацијата. Можете да го загреете и во топлото масло да додадете иста количина сок од кромид. Намачкајте го погоденото подрачје, покријте го со најлонска фолија и топли крпи. Постапката повторувајте ја еднаш дневно. Исто така, обидете се да втриете (масирате) мешавина од етерично масло од еукалиптус на погоденото подрачје.

6. Луцерка (алфалфа)
Повеќегодишна мешунка во вид на детелина со многу подвидови. Оваа билка го регулира нивото на пХ-вредноста и е богата со минерали. Можете да направите чај од семе од луцерка. Во шолја зовриена вода додадете 1 лажичка семе, оставете 30 минути и исцедете. За да го намалите воспалението, консумирајте го овој чај двапати на ден во текот на три недели.

7. Лук
Болка предизвикана од артритис успешно се лекува со лук. Направете сопствено масло од лук: три иситнети чешниња се додаваат во половина филџан маслиново масло и вријат на тивок оган две минути. Процедете и оставете да отстојат во фрижидер до две недели. Подготвеното масло загрејте го и нежно втријте го на болните зглобови или мускули.

8. Цимет
Циметот е богат со антиоксидантни и има антиинфламаторни својства. Може да ја ублажи болката предизвикана од артритис. Во шолја топла вода, измешајте 1 лажица мед и ½ лажичка цимет во прав. Испијте ја мешавината на празен желудник. Обидете се, исто така, да намачкате мешавина од мед и цимет на болното подрачје.

9. Јаболков оцет
Овој оцет изобилува со фосфор, калциум, калиум и магнезиум. Освен што ја ублажува болката, јаболковиот оцет го елиминира создавањето на токсини во сврзните ткива и зглобовите. Во шолја топла вода, измешајте 1 лажичка мед и 1 лажичка јаболков оцет. Консумирајте ја оваа мешавина секое утро, по можност на празен желудник.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....