10:29 - 2 април, 2026

Дали јаболков оцет може да помогне да се намали нивото на шеќер во крвта?

јаболков оцет

Околу 442 милиони луѓе ширум светот страдаат од дијабетес. Многу од нив прибегнуваат кон алтернативни начини за намалување на нивото на шеќер во крвта, а еден од нив е употребата на јаболков оцет.

Се поставува прашањето колку всушност е корисен јаболковиот оцет кога станува збор за овој здравствен проблем. Една студија објавена во списанието на „American Diabetes Association“ за дијабетес покажа дека оваа изјава е вистина. Студијата ја воделе Керол С. Џонсон, Синди М. Ким и Аманда J. Булер.

Испитаниците консумирале оброци кои се состојат од печива, путер и сок од портокал. По оброкот, земале јаболков оцет или плацебо. Истражувачите го проверувале нивото на гликоза во крвта (шеќер) 30 и 60 минути по оброкот. Откриле дека оцетот значително го намалува нивото на гликоза во крвта после оброк. Неколку други студии, исто така, дошле до истиот заклучок.

Се разбира, оцетот не може магично да излечи дијабетес, но може умерено да го намали нивото на гликоза. Не е замена за лекови за дијабетес, но е доволно безбеден додаток на планот за лекување на оваа болест. Имајте на ум дека не треба да го користите доколку имате проблеми со бубрезите.

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....