9.8 C
Скопје
15:02 - 31 март, 2026

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

брусница

Во народната медицина ова овошје се смета за заштитник на здравјето и важи за најдобар третман на воспаленија на уринарниот тракт.

Ова дејство може да се должи на проантоцијанидините со специфична структура кои спречуваат лепење на патогени бактерии (како на пр. ешерихија коли) на слузницата на овие органи (на пр. мочниот меур).

 

На иститот принцип, брусницата го чува здравјето и на желудникот и дуоденумот, заштитувајќи ги од патогената бактерија Хеликобактер пилори, која често предизвикува чиреви.

Исто така, киселоста што ја содржи брусницата, дополнително ја нарушува активноста на патогените бактерии.

Брусницата е меѓу оние овошја кои се исклучително богати со антиоксиданси. Богата е со антоцијанини, флавоноиди, проантоцијанидини, танини, фенолни киселини и друго.

Консумирањето брусница помага во пречување на рак на дебелото црево и леукемија. Покрај тоа, обезбедува и заштита од кардиоваскуларни болести. Помага да се намали концентрацијата на „лошиот“ холестерол во крвта. Исто така, нејзините киселини и флавоноли се врзуваат за холестеролот спречувајќи ја неговата оксидација иницирана од тешки метали.

Важно е да се напомене дека брусницата помага и при заштита од грип, нарушувајќи го развојот на некои видови габи.

Вредноста на активните супстации ја препознале и од фармацевтската индустрија, а денес на пазарот има разни видови производи со активни материи од брусница неменети за заштита на здравјето.

Резултатите од научните истражувања потврдуваат дека флавонолите и проантоцијанидините од брусницата имаат антиинфламаторно дејство за дигестивниот тракт, но влијаат и на микрофлората во устата. Со своето дејство тие спречуваат развој на несакани бактерии.

Брусницата можете да ја комбинирате во сосови за месо, фил за месо, мешани гарнири, салати, компоти и десерти.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....