17:59 - 10 ноември, 2026

Зошто принцот Хари и Меган Маркл беа исфрлени од Фрогмор Котиџ? Ова е вистинската причина

Принцот Ендру, војводата од Јорк ќе се пресели во резиденцијата, која се наоѓа во Виндзор, Англија.

Додека Виндзор секогаш ќе се чувствува како дом на многу членови на британското кралско семејство, еден пар повеќе нема да може да го наведе како еден од нивните официјални домови…

Според изјавата на парот, принцот Хари и Меган Маркл биле замолени да ја напуштат Колибата Фрогмор, која се наоѓа на теренот на Големиот парк Виндзор.

Според списанието People, портпаролот на фондацијата Арчевел на парот потврдил дека „…од војводата и војвотката од Сасекс е побарано да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“.

Изјавата беше објавена откако The Sun откри дека кралот Чарлс имал планови да го пресели својот помлад брат, принцот Ендру, во Форгмор и побарал од својот најмлад син и неговата сопруга официјално да го напуштат имотот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frogmore Cottage (@frogmorecottageuk)

Принцот Хари и Меган Маркл моментално го поминуваат поголемиот дел од своето време во нивниот дом во Монтесито во Калифорнија, откако се преселиле во 2020 година кога објавија дека ќе се повлечат од кралските должности.

Но, зошто принцот Хари и Меган Маркл беа исфрлени од колибата Фрогмор?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frogmore Cottage (@frogmorecottageuk)

Додека официјалната причина е дека принцот Ендру ќе се пресели во Фрогомор, изворите известуваат дека ова е уште еден начин на кој кралското семејство ги прекинува врските со војводата и војвотката од Сасекс.

Постојат шпекулации дека парот сепак, нема да биде поканет на крунисувањето на кралот Чарлс, кое ќе се одржи во мај 2023 година.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....