06:08 - 6 февруари, 2026

Зошто датумот 9 мај е толку важен за Русија; прогнози за говорот на Путин на Парадата на победата

Владимир Путин секоја година организира голема парада во спомен на победата во Втората светска војна. Наводните демонстрации во Мариупол и други украински градови беа откажани. Во Москва, пак, се очекува говор на претседателот за војната во Украина.

Годишната воена парада на Црвениот плоштад во Москва ја одбележува победата во Втората светска војна. Успехот против нацистичка Германија во Русија се слави на 9 мај, датум кој во последниве денови се враќа во хрониката на војната во Украина.

За време на годините на Советскиот Сојуз, парадата не беше истакнат настан, поважна беше годишнината од Октомвриската револуција. Обновена од Борис Елцин во 1995 година, Владимир Путин од парадата направи централен настан на неговата пропаганда со демонстрација на воена моќ во срцето на Москва за да ја одбележи жртвата на Руите кои загинаа во Втората светска војна.

Што ќе се случува годинава на 9 мај? 

На ова историско значење годинава му беше додадена ново. Во последниве денови имаше големи подготовки за парадата, вклучително и воени авиони кои создадоа Z на небото на Москва. Според странските медиуми, годинава веројатно ќе парадираат 10.000 војници и повеќе од 120 возила. Предвидени се 77 авиони и хеликоптери.

Овој датум постојано се спомнуваше во руската пропаганда за војната во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“. Се очекува Путин да зборува за резултатите од оваа „операција“ во својот говор во понеделник на 9 мај.

Најавата, се претпоставува, би можела да биде онаа за дефинитивно освојување на градот Мариупол.

Руската надеж беше да се одржат демонстрации и во окупираните градови во Украина. Тешко дека тоа ќе се случи, но Путин, се очекува на парадата во Москва да тсе пофали дека ги постигнал зацртаните цели: обединување на териториите со освоениот Крим во 2014 година и Донбас.

Има и такви кои шпекулираат дека во говорот рускиот претседател ќе ја искористи можноста да го нападне Западот обвинувајќи го за проширување на конфликтот. А, тоа би било еден вид повик на руското население за нова војна за татковината. Меѓу хипотезите, има и среќни – најава за крај на конфликтот или, за жал, несреќни – најавување за негово проширување.

Слични објави

Маријана Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....