11.8 C
Скопје
19:22 - 7 март, 2026

Зголемен бројот на мајмунски сипаници во Европа, над 7.000 случаи – речиси 50% повеќе од минатата недела

„Загрижена сум поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во ЕУ, сега имаме над 7.000, што е зголемување од речиси 50% во споредба со пред една недела“. Ова го изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

„Реагиравме брзо и веќе испорачавме околу 25 илјади дози до 6 земји-членки“, потсети таа, нагласувајќи дека бројот на дози купени преку Европската управа за одговор при итни случаи во здравството надмина 160 илјади единици „за да се одговори навремено на прогресијата на ширењето на овој вирус“.

ЕУ обезбеди дополнителни 54.530 дози од вакцината против мајмунски сипаници, со што сега вкупниот број купени дози за земјите-членки да одговорат на тековната епидемија изнесува  163.620. Ова го соопштија од Комисијата, а пренесува анса. Набавката беше финализирана од страна на Управата за здравствена подготовка и одговор (Хера). Испораките на вакцини „ќе продолжат да се вршат во наредните недели и месеци и во остатокот од годината“, се вели во белешката на извршната власт на ЕУ. Во зависност од бројот на случаи, испораките продолжуваат но само за земјите-членки.

Слични објави

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо
Се вчитува....