12:39 - 10 ноември, 2026

Зеленски: „Во Северодонецк се одлучува судбината на Донбас“

На 106-тиот ден од војната, „Северодонецк останува епицентарот на конфронтацијата во Донбас. Ние ги браниме нашите позиции, нанесувајќи му значителни загуби на непријателот“, рече Зеленски.

Украинските сили на секој начин се обидуваат да го спречат напредувањето на руската војска. Иако руските војници се побројни, а украинските се со оскудни воени донации, тие се борат во Северодонецк, каде – како што рече украинскиот претседател – „се решава судбината на Донбас“. Според Зеленски „битката за Северодонецк е една од најтешките од почетокот на руската инвазија“.

Во меѓувреме, руските бомбардирања продолжуваат да носат цивилни жртви: четворица загинаа, а уште 11 се повредени во последните 24 часа во Доњецк. Ова го соопшти шефот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко. „На 8 јуни Русите убија 4 цивили во регионот на Доњецк: 3 во Курахове и еден во Авдиивка. Денеска беа повредени уште 11 цивили“, напиша Кириленко на Телеграм. Едно лице е повредено и во Луганската област Костијантинивка.

Катастрофална ситуација од здравствена гледна точка се случува во Мариупол, украински град окупиран од Русите. Алармот го вклучи советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, кој на Телеграм објасни дека „во градот има катастрофален недостиг од лекари“, а постои и предупредување за ширење на колера.

 

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....