14.8 C
Скопје
01:36 - 23 октомври, 2026

Зеленски: Русите „оставија мини насекаде“, над Мариупол руски дрон со токсични материи

„Стотици илјади опасни предмети“ се фрлани по повлекувањето на московските војници во областите окупирани од Русија околу Киев, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот вообичаено вечерно видео обраќање.

„Во тек се мелиорации во северните региони на нашата земја од кои се истерани окупаторите“, рече Зеленски. „Пред сè чистење мини. Руските војници оставија стотици илјади опасни предмети зад себе. Има неексплодирани куршуми, мини; расчистуваме неколку илјади дневно. Окупаторите оставија мини насекаде. Во куќите што ги заземаа, на улиците, полињата. Ги поткопаа имотите на луѓето, ги уништија автомобилите, вратите. Свесно правеа се за да биде што е можно поопасно враќањето во овие области по окупацијата“, рече Зеленски, пренесува раињуз.

Во меѓувреме се појави и утринската вест дека Русите лансирале  дрон со отровни материи врз градот Мариупол во јужна Украина.

Ова го изјави украинската парламентарка и шефица на парламентарната комисија за интеграција на Украина, Ивана Климпуш, според Гардијан, објаснувајќи дека „најверојатно“ непознатите супстанци биле хемиско оружје.

 

 

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....