5.8 C
Скопје
03:11 - 1 април, 2026

Заев во неформално издание и откри на јавноста која му е омилена песна! (ФОТО)

Зоран Заев во неформално издание ќе го гледаме во недела во Еден на Еден, на Канал 5 од 18.30 часот, а лидерот на СДСМ раскажа дека има 18 другари со кои што се дружи цел живот, а зборува и за тоа колку му е важно семејството.

Една од впечатливите приказни е и Нова година која ја славел со децата од Заводот за заштита Бања Банско, 13 години по ред.

Фото: Промо

Во низата приватни и професионални разговори, Заев откри и која му е омилена песна.

На прашањето на Жаре, која песна сака да си ја нарача кога сака да се орасположи, тој одговори дека една од нив е „Сношти минав“.

Фото: Промо

Изненадување му приреди бендот на Гуру Харе, свирејќи ја песната во нов аранжман, што дополнително го орасположи.

Заев беше расположен и опуштен и додека се подготвуваше за снимањето.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....