13:09 - 26 ноември, 2026

Зад името на Северина стои интересна приказна

Северина е добро позната во регионот, но, она што многумина можеби не го знаат е приказната која стои зад нејзиното име.

Иако сите ја знаеме како Северина Вучковиќ, пејачката всушност требало да се вика сосема поинаку, а таа еднаш со медиумите ја сподели приказната за тоа како го добила своето име.

„Моето име некаде значи строгост и правда. Таква сум навистина. Тато сакал да ми го даде името Наташа, но мама го обожаваше татко ми, а неговото име беше Север. Дедо ми им давал имиња на децата по страните на светот. Верувале или не. Имаше четири сина, Север, Југ, Исток, Запад, а неговата ќерка беше Деница“, откри пејачката.

„Межутоа, баба ми не го сакаше тоа. Така татко ми добил друго крстено име. Сепак, од непозната причина, го задржа името Север, и така јас го добив името Северина. Имаше и сосед преку куќата чие име беше Северин… Така што… Но, сепак мислам дека е поради татко ми“, додаде Северина.

 

Слични објави

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova
Се вчитува....