11:10 - 26 ноември, 2026

Александра Пријовиќ го слави 30. роденден: Доби неочекувано изненадување од фановите!

Популарната пејачка Александра Пријовиќ денес го одбележува својот 30-ти роденден во кругот на најблиските. Само неколку месеци откако се породи, музичката ѕвезда повторно е во центарот на вниманието – овој пат поради емотивното изненадување што ѝ го приредија нејзините обожаватели.

Девојките од фан тимот на Пријовиќ изработија видео со спомени од нејзиното детство, па сè до денешниот успех на големата сцена. Гестот ја трогна пејачката, која веднаш се огласи на социјалните мрежи.

„Девојки, ви благодарам за овој прекрасен видеозапис. Ви благодарам што се потрудивте и за подарокот. Ве бакнувам многу“, напиша Пријовиќ, додавајќи емотивен симбол со солзи.

Фото: Скриншот

Роденденската прослава ја започна со семејството и најмилите, а меѓу првите што ѝ честитаа беше нејзиниот сопруг Филип, кој со внимание и љубов ѝ приреди посебен почеток на денот.

Слични објави

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо
Се вчитува....