11.8 C
Скопје
13:45 - 21 април, 2026

Војна на жените на англиските фудбалери: Лажни приказни на Инстаграм, обвинувања за објавување вести во медиумите …

Две години по избивањето на скандалот, во Лондон започна судењето на Колин Руни и Ребека Варди, сопруги на познатите англиски фудбалери Вејн Руни и Џејми Варди, кои британските медиуми ги нарекоа „Wagatha Christie“.

Лажни приказни на Инстаграм, обвинувања за објавување вести во медиумите, обвинувања за клевета… се столбот на случајот што британските медиуми го нарекоа судење на деценијата.

Ребека Варди, сопругата на напаѓачот на Лестер Сити, ја тужи Колин Руни за клевета, откако јавно беше обвинета за давање лажни приказни за медиумите во 2019 година. Судењето е во тек, а на листата на сведоци е и поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coleen Rooney (@coleen_rooney)

По воведните забелешки од двата адвокатски тима, Варди седна на говорницата на сведокот и се соочи со прашања од адвокатот кој ја застапува Колин Руни. Таа рече дека се согласува дека е „погрешно“ и „вознемирувачко“ некој тајно да пренесува туѓи приватни информации и рече: „Никому ништо не објавив во јавност“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coleen Rooney (@coleen_rooney)

На прашањето дали ја почитува туѓата приватност, Варди одговори: „Да, ја почитувам“. Адвокатката потоа се осврна на интервјуто што го дала за „News of the World“ во 2004 година, во кое открила детали за нејзината наводна сексуална врска со поп-ѕвездата Питер Андре.

Адвокатот прочитал извадоци од написот во кој, Ребека Варди тврди дека Андре издржал „само пет минути“ за време на нивниот сексуален чин и изјавила дека ја имал „најмалата опрема што таа ја видела“, како и дека изгледал како „минијатурен колбас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Vardy (@beckyvardy)

Адвокатот потоа ја прашала Варди дали и давањето на ова интервју е израз на почит кон Андре.

– Поранешниот сопруг ме натера на тоа. Тоа е нешто за што длабоко жалам… Не е убаво тоа да се чита и разбирам зошто го користите сега. Ова е навистина валкано, но и тимот на госпоѓа Руни изнесуваше „валкани“ приказни за мене – одговори Варди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Vardy (@beckyvardy)

Подоцна изјавила дека не барала дозвола од Андре, ниту му кажала што направила. Адвокатот потоа ја прашал дали се чувствувала силна поради објавувањето информации за неговата машкост, а таа одговорила дека тоа е „нешто што била принудена да го каже“.

Таа, исто така, објаснила дека била на одмор во Дубаи во 2019 година кога ја видела објавата на Колин на Инстаграм во која е обвинета дека објавува лажни приказни.

Слични објави

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо

Мелина го „баталила“ факултетот поради Харис – модната дизајнерка била одлична студентка, а еве што студирала

Еспресо

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо
Се вчитува....