8.8 C
Скопје
20:39 - 19 февруари, 2026

Водолиите се чекор пред другите во времето: Психолошки профил на хороскопските знаци

Водолиите се духовити и ведри личности, преполни со романтични идеи, по малку наивни и неискусни во задкулисните игри. Со сите сакаат да бидат во добри односи, а како што се толерантни и искрени, тоа често им успева. Се разликуваат не само од другите знаци, туку и меѓусебно. Старо астролошко правило е дека не постојат две исти Водолии, но сепак некои покажуваат особини кои им се заеднички. Пред сè, секоја Водолија сака да биде поинаква. Дури и кога е сосема просечна, ќе се труди да се претстави на поинаков начин, а своите мисли и идеи како оригинални и неповторливи. Има многу идеи, но им недостасува смисла за практично, па ако нема некој кој ќе им помогне во тоа, од сите нивни планови нема ништо да се реализира. Поради тоа, најдобри се кога работат тимски, каде сè се постигнува со размена на идеи и заедничка работа.

Тоа е знак кој го краси алтруизам и кој сите недоразбирања сака да ги реши со разговор. Се згрозуваат од насилство и агресивност, дури и во љубовни односи се смирени и трезвени. Не е лесно да ги испровоцирате, а гласот го повишуваат кога се нарушени меѓучовечките односи.

Заинтересирани се за подобрување на условите за живот и поврзување на луѓето од сите раси, култури и вери. Ги презираат снобовите, а повеќе ги ценат вредностите и интелектуалните постигнувања од материјалните богатства. Минатото не ги интересира, туку иднината и тоа далечна.
Водолијата е футурист, авангарда која е чекор напред пред другите во времето, често несфатен и неприлагоден во своето време и во друштвените средини.

Слични објави

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо
Се вчитува....