20.1 C
Скопје
23:58 - 22 јули, 2026

Во земјотресот почина позната турска кошаркарка: Отишла да ја посети баба ѝ, а ја нашле мртва под урнатините

Уште еден спортист го загуби животот во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Како што објавија турските медиуми, а потврдија бројни клубови со своите проштални пораки, загинала кошаркарката Нилај Ајдоган (30).

Како што пишуваат турските медиуми, Ајдоган отишла да ја посети својата баба во Малатија. Била студентка на приватниот универзитет „Чанкаја“ и играла за турската репрезентација во кошарка.

Претходно Универзитетот соопшти дека куќата во која се наоѓала е уништена, а имало и спасувачка акција. Лошата вест денеска ја потврди и Кошаркарската федерација на Турција.

– Ја дознавме трагичната вест за смртта на Нилај Ајдоган, студентка на Универзитетот Чанкаја, која настапуваше во националното женско првенство.

Нека нејзината душа почива во мир, изразуваме сочувство до семејството, роднините и целиот кошаркарски свет – соопшти Кошаркарската федерација на Турција.

Од кошаркарката се простија бројни клубови, меѓу нив и Галатасарај и Фенербахче.

 

Слични објави

(Фото) Душко Тошиќ ја претвори старата семејна куќа во луксузна вила со базен

Еспресо

Семејството Џиновиќ на луксузни дестинации: Ѓина во Шпанија се вози со приватен хеликоптер, Мелина ужива во Монако

Т.Ц.

(Фото) По сите несогласувања повторно заедно: Ѓогани, Миљковиќ и Атијас се собраа на семејно дружење

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ објави прва фотографија од синот Илијан, а покажа и како изгледала во бременоста!

Еспресо

Даниел Николовски за братот близнак: Телефонскиот разговор секогаш ни завршува со „те сакам“

apostolova

Мина Костиќ се враќа посилна од кога било – најави нови песни, вели дека Каспер ѝ е најголема поддршка

Еспресо
Се вчитува....