13:41 - 27 ноември, 2026

Хари и Меган чекаат трето дете: Ќе ја објават бременоста на Денот на вљубените, тврдат извори

Британските медиуми известуваат дека принцот Хари и Меган Маркл би можеле да објават дека чекаат трето дете на Денот на вљубените. Двојката има две деца – Арчи и Лилибет.

Пред неколку години, тие решија на истиот датум да објават дека го очекуваат своето второ дете Лилибет, која се роди на 4 јуни 2021 година.

Треба да се напомене дека Денот на вљубените е посебен датум за Хари, бидејќи неговата покојна мајка, принцезата Дијана, исто така ја објави својата бременост на 14 февруари во 1984 година.

Уште во октомври, Closer објави дека парот е подготвен да го прошири своето семејство и да имаат уште едно дете оваа година.

„И двајцата се многу отворени за проширување на семејството и би сакале тоа да се случи, а Арчи и Лилибет да имаат уште еден брат или сестра“, изјавил извор за Клосер.

„Тие дефинитивно ќе имаат многу повеќе простор кога ќе се преселат во поголема куќа“, објаснува изворот.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....