-1.2 C
Скопје
19:11 - 22 декември, 2024

Во сабота во Галеријата на МКЦ: Изложба на фотографии на Оливер Белопета – „Поради џезот“

На 10 декември (сабота), во 19 часот во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложбата на фотографии на Оливер Белопета „Поради џезот / Because of Jazz“.

Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во Галеријата на Цанкарјев дом во Љубљана. Станува збор за селекција од 30 дела од богатата ризница фотографии на Оливер Белопета, направени во период од 2009 до 2016 година, на различни локации и музички фестивали ширум светот. Изложбата, дополнета и повторно курирана од Жига Коритник, а реализирана во соработка со Младинскиот културен центар и Скопскиот џез фестивал, ќе биде поставена во Галеријата на МКЦ до 23 декември.

„Освен неговата љубов за добрата музика и дизајн (во мноштвото други интереси), јас особено се гордеам со Оливер како фотограф. Свесен сум за богатството на неговиот живот, што го почуствував уште од почетокот на нашата соработка. Дури уште тогаш му се понудив да му ја разгледам архивата и да му одберам фотографии за изложба. Сепак, помина многу време додека конечно ме покани да ја курирам неговата изложба на Љубљанскиот џез фестивал во 2017 година. Се изненадив кога ја добив неговата поширока селекција на фотографии, коишто покажуваа техничка и содржинска перфекција. Ги одбрав овие фотографии за убаво да се впијат во галерискиот простор, што се покажа како тешка задача, бидејќи ги имаше толку многу и толку интересни! Потоа го предложив насловот на изложбата. Мислам дека имаме среќа што можеме да погледнеме макар и само мал дел од фотографскиот живот на Оливер.“ (Жига Коритник, фотограф)

„Само еден краток поглед кон фотографиите на Оливер Белопета од бројните светски подиуми ја открива токму таа сјајна разноликост и непредвидливост на музицирањето, на хетерогеноста на талентот што тој умее во целост да ја почитува и да ја промовира на неговите концерти. Ликовите на фотографиите се, главно, познати музичари, млади и стари, сосредоточени и спонтани, разиграни и задлабочени, посебни, но истовремено и толку обични во уметничкиот и во приватниот живот. А сепак, нивната подготвеност да го направат следниот чекор е очигледна – желбата да креираат нов звук и да зачекорат во нови музички пространства.“ (Ичо Видмар, новинар)

„За изложбата на фотографии ‘Поради џезот’ познатиот фотограф од Љубљана Жига Коритник курира избор од богатата колекција на црно-бели фотографии на Оливер Белопета, направени низ годините на различни места. Оливер Белопета е директор на Џез фестивалот во Скопје, а некое време беше и уметнички директор на фестивалот во Љубљана. Ја има привилегијата лично да контактира со многу музичари. Неговите фотографии покажуваат фасцинантна комбинација од респект кон познатото и возбудливи, изненадувачки проникнувања.“ (Хенинг Болте, All About Jazz)

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....