5.8 C
Скопје
01:02 - 1 април, 2026

Во Бразил куче го чекало својот газда 4 месеци пред болница, „животните ги учат луѓето на вистинска љубов“

Го чекаше цели четири месеци. Час по час, ден по ден. Но, тоa, кафеавоto куче со многу слатки очи, ниеднаш не се помрднa од вратата на таа болница: неговиот сопственик, бездомник, кој беше тешко избоден со нож во јавен парк во Сао Паоло, Бразил, беше внесен внатре.

Кучето ја следело брзата помош трчајќи, со милји, до болницата Санта Каса де Ново Хоризонте, а потоа седнало пред влезната врата со надеж дека неговиот човек, пријател, наскоро ќе излезе. Но, тоа никогаш не се случи: човекот почина неколку часа подоцна од многу сериозни повреди.

Кристин Сардела, која го видела кучето пред болницата, побарала информации и некој ѝ ја раскажал приказната за кучето со скршено срце, па таа ја споделила на социјалните мрежи: „Имаме толку многу да научиме од животните – пишува Кристин – Ова куче секој ден седи пред вратата од болницата чекајќи го својот сопственик, кој за жал почина. Знам дека го хранат некои луѓе. Неговото чекање е залудно, но љубовта што ја негува кон својот сопственик е вечна. Ја забележував и почитта што персоналот во болницата ја има кон него. И така, животот продолжува, животните ги учат луѓето на вистинска љубов“.

Благодарение на нејзината објава на социјалните мрежи, кучето го зеде здружение за права на животните и за кратко време едно семејство го посвои. Но, не можејќи да се прилагоди на својот нов живот, кучето избегало за да продолжи со потрагата по својот сопственик.

„Тоа е многу тажна приказна – продолжува Сардела -. Тој беше посвоен по мојата објава, но побегна и никој денес не знае каде е“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....