5.8 C
Скопје
00:55 - 1 април, 2026

Влатко Стефановски упати музички поздрав за Италија – слушнете и уживајте! (ВИДЕО)

Самоизолацијата не ми паѓа тешко. Стално наоѓам нешто да работам. Или свирам или правам музика. Пишувам во компјутер и ако уловам некој добар филм уште поарно, изјави за Утрински брифинг Влатко Стефановски.

– Не можам да кажам дека сум пресреќен заради ова што сум дома, но што е тука е.

Контактите ми се сведени на нула, вели Стефановски.

Ќерка ми Ана помина 10 години во Италија. Често пати бев да ја посетувам, така што имам посебни емоции, емпатија за италијанскиот народ кој поминува низ невидена криза. Снимив една нумера од италијанскиот композитор Енио Мориконе, најдобриот филмски композитор на планетава. Одбрав една тема „Cinema paradiso“.

Тоа нека биде поздрав и мисла до нив со желба за побрзо надминување на оваа криза. Од друга страна имам потреба и да ги поздравам луѓето од Загреб кои се наоѓаат во „double trouble“, не знаат дали да се чуваат од земјотрес дали од Коронавирус, изјави Стефановски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....