16:49 - 5 декември, 2025

Визиите на Нострадамус повторно актуелни по смртта на Елизабета Втора: Чарлс нема да биде крал долго време, а тронот ќе го преземе некој сосема неочекуван

Во книжарниците ширум Европа владее лудило за книгата „Nostradamus: The Complete Prophecies for the Future“ (Нострадамус: Целосни пророштва за иднината), напишана од Марио Рединг. Многумина тврдат дека тој пред повеќе од 450 години „знаел“ кога ќе умре британската кралица.

Седум дена пред смртта на кралицата биле продадени само 5 примероци од оваа книга. Меѓутоа, откако таа почина, т.е. во периодот од 8 до 15 септември се продале дури 8 илјади примероци, пишува Sunday Times.

Нострадамус, францускиот лекар и пророк, наводно успешно ја предвидел смртта на Елизабета Втора во 2022 година. Така барем познавачите толкуваат одредени стихови оние кои ги проучуваат неговите записи, а според еден од нив владеењето на кралот Чарлс Трети може да биде исклучително кратко.

Велат, Чарлс Трети ќе биде принуден да абдицира по огромен притисок на британската јавност, а некој сосем неочекуван ќе биде прогласен за нов монарх.

Марио Ридинг, еден од водечките светски експерти во областа на толкувањето на визиите на пророкот, во неговата книга објавена во 2006 година исто така напиша дека кралицата ќе умре во 2022 година.

Рединг дешифрирал повеќе предвидувања на астрологот во книгата „Нострадамус: Целосни пророштва за иднината“, во која наведува дека заминувањето на Елизабета од овој свет ќе доведе до одвојување на Австралија од Комонвелтот, пренесува порталот 7NEWS.

„Принцот Чарлс ќе биде крунисан наместо Елизабета и ќе стане крал на островот, што значи дека тој повеќе нема да биде крал на другите региони во светот со кои владееше неговата мајка – Канада, Австралија, Нов Зеланд. Тие региони во меѓувреме ќе станат републики“.

Рединг понатаму тврди, врз основа на репликите на Нострадамус, дека јавноста никогаш не му простила на Чарлс за принцезата Дијана и дека сѐ уште присутниот гнев поради нејзината смрт ќе биде она што ќе го принуди да абдицира.

„Притисокот врз него ќе биде толку голем, а годините ќе го издаваат, и тој ќе абдицира во корист на својот постар син, принцот Вилијам“, пишува Рединг, но во истата верзија на книгата од 2006 година изнесува и еден поинаков став за тоа кој би можел да ја преземе монархијата по абдикацијата на Чарлс.

Имено, во последниот запис на Нострадамус многу јасно пишува дека тој ќе биде заменет со „човек кој никогаш не очекувал да биде крал“, па се поставува прашањето дали тронот можеби ќе го преземе принцот Хари.

„Тогаш би бил крал Хенри IX, на само 38 години“, напишал Ридинг во својата интерпретација на репликите на Нострадамус.

Меѓутоа, како што пишува австралискиот медиум, има уште еден кандидат на кој досега никој не сметал, а тоа е „дедото од Квинсленд“, Сајмон Доранте-Деј.

56-годишникот веќе долго време тврди дека е таен син на кралот Чарлс и неговата сопруга Камила и покрена серија правни случаи против кралското семејство.

„За неколку часа пет луѓе ми ја испратија оваа страница од книгата на Ридинг“, изјави Доранте-Деј за 7NEWS. „Тоа секако е тема за размислување. Предвидувањето јасно покажува дека некој надвор од рамката би можел да го замени Чарлс како крал. Разбирам зошто некои луѓе мислат дека јас одговарам на тој опис“, рече Доранте-Деј.

„Верувам дека сум син на Чарлс и Камила и со нетрпение го чекам денот кога ќе се појавам на суд, можноста да го докажам тоа. Можеби Нострадамус го имал истото мислење како мене, дека сето ова еден ден ќе излезе на виделина“, додаде тој.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....