17:25 - 31 март, 2026

Вистинско чудо за прв пат по 800 години: Божиќна ѕвезда на небото во декември!

Unsplash

Блескавата точка што ќе се појави на небото на 21 декември е предизвикана од редок феномен! Имено, Јупитер и Сатурн ќе се доближат толку многу што ќе се однесуваат како да се судираат на ноќното небо.

Кон крајот на 2020 година, Сончевиот систем „одлучи“ да нè израдува со новогодишно космичко чудо. На 21 декември 2020 година (декемвриска краткоденица), ќе бидеме сведоци на нешто што не е видено во последните 800 години. Имено, Јупитер и Сатурн ќе се усогласат во своите орбити на таков начин што на ноќното небо, од некоја точка на Земјата, тие ќе се однесуваат како да се судираат и ќе создадат блескава точка на небото. Овој феномен е познат како „Витлеемска ѕвезда“ или „Божиќна ѕвезда“.

Порамнувањата на овие две планети е многу ретко. Тоа обично се случуваат еднаш во 20 години и обично поминува повеќе време додека дојде до нивното спојување, доближување.

Овој спој, кој ќе се случи сега на 21 декември, е навистина исклучителен и редок поради толку блиското порамнување на овие две планети, потврди за Форбс Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс.

За да ги видите двете планети уште поблиску, ќе мора да се вратите во утрото на 4 март 1226 година.

За време на овој настан, кој исто така се нарекува Голем спој, Сатурн ќе биде оддалечен 10 AJ (астрономски единици) од Земјата, додека Јупитер ќе биде оддалечен 5 AJ и ќе изгледа дека се помали од дијаметарот на полна Месечина.

За да бидете сведоци на оваа појава на 4 демекври погледнете го југозападниот дел на небото околу 45 минути по зајдисонцето. Планетите ќе бидат најблиску на 21 декември, но „Божиќната ѕвезда“ ќе биде видлива од каде било на Земјата во текот на целата четврта недела од декември.

Следната голема поврзаност, толку блиску, ќе се случи само на 15 март 2080 година, затоа пробајте да погледнете низ прозорецот барем еднаш во овој период и да уживате во оваа прекрасна празнична атракција.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....