8.8 C
Скопје
12:20 - 1 април, 2026

Вирално видео: Украински војник ја пее победничката песна на Евровизија, додека одекнуваат бомби

Снимката од украинскиот војник кој ја пее песната на „Калуш оркестра“ додека во далечината се слушаат експлозии ги трогна следбениците на социјалните мрежи.

„Честитки до Калуш оркестра за победата на Евровизија од срцето на Мариупол. Ви благодариме за поддршката!” изјави војникот од видеото што го емитуваше ТВ Некста, пренесува Индекс.хр.

Украинскиот бенд „Калуш Оркестар“ во саботата триумфираше во Италија со песната „Стефанија“, која е спој на рап и традиционална народна музика, а е посветена на мајката на фронтменот на бендот Олег Псиук. Украинците исто така преименуваа една железничка рута во Стефанија експрес, по името на победничката песна.

Бендот во неделата објави спот за победничката песна во неделата, прикажувајќи снимки од Украинки кои спасуваат деца од гранатираните и уништени градови. Мајката на Олег Псиук, Стефанија, им изјави на новинарите дека била многу збунета кога случајните минувачи ја замолиле за заедничка фотографија на пазар во нејзиниот роден град.

Да потсетиме, членовите на бендот Калуш Оркестар добија специјална дозвола да ја напуштат Украина и покрај законот со кој се забранува заминување на способни мажи од земјата разурната од војна. По победата на Евросонг се вратија во својата земја.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....