6.8 C
Скопје
08:04 - 1 април, 2026

Винона Рајдер и Пенелопе Круз застанаа во одбрана на Џони Деп: Тој не е насилник!

Холивудските ѕвезди Пенелопе Круз и Винона Рајдер застанаа во одбрана на актерот Џони Деп, кој подолго време се провлекува по судовите со поранешната сопруга и актерка Амбер Херд.

Драмата на поранешните сопружници не престанува, а сега во одбрана на својот колега застанаа Винона и Пенелопе, истакнувајќи дека тие не го гледаат како насилник и дека тоа едноставно им е незамисливо.

За потсетување, Деп поднесе тужба против поранешната сопруга Амбер Херд, преку која ја тужеше за клевета, откако во големо интервју за „Вашингтон Пост“, таа се претстави себеси како жртва на семејно насилство и злоставување.

профимедиа

Споменатите актерки, Пенелопе Круз и Винона Рајдер, откако ги потпишаа изјавите, на судот ќе сведочат во корист на Џони Деп.

„Свесна сум дека Амбер Херд во последните неколку години во јавноста го обвинуваше Деп за семејно насилство, но од моето искуство со Џони, јас не можам него никако да го поврзам со тоа. Не сакам никого да наречам измамник, но не верувам дека тие ужасни обвиненија се вистинити. Посебно ме вознемирува тоа што го познавам исто толку добро како и Амбер“, напиша Винона во својата изјава која се наоѓа во судските документи, пренесува „Пипл“.

View this post on Instagram

falling ,over and over ?

A post shared by Winona Ryder (@winonaryderofficial) on

За потсетување, Винона и Џони Деп поминаа четири години заедно, а таа и од претходно знаеше јавно да застане во одбрана на актерот.

Исто така, и славната Пенелопе има сличен став за својот колега и добар пријател кој го познава долга низа на години. Круз имаше само 19 години кога се запозна со Џони.

„Од тогаш поминаа многу години, но можам да кажам дека, покрај тоа што заедно снимивме три филма, Деп остана мој добар пријател. Отсекогаш бев импресионирана од неговата љубезност и неверојатен талент, како и од неговата одлична смисла за хумор“, пишува актерката во изјавата.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....