10:22 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) Во знак на солидарност со жените во Иран, шведска пратеничка си ја отсече косата: Додека Иран не се ослободи, нашиот гнев ќе биде поголем од угнетувачите

Шведска пратеничка во Европскиот парламент ја отсекла косата за време на нејзиниот говор во Парламентот на ЕУ во знак на поддршка на демонстрациите во Иран кои започнаа по смртта на Махса Амини.

„Додека Иран не се ослободи, нашиот гнев ќе биде поголем од угнетувачите. Додека жените во Иран не се ослободат, ние ќе стоиме покрај вас“, рече Абир Ал-Сахани, родена во Ирак, при обраќањето пред парламентот на Европската унија.

Потоа ги земала ножиците и рекла „Jin, Jiyan, Azadi“ – што на курдски значи „жена, живот, слобода“, а потоа ја отсекла косата.
Потсетуваме дека протестите за смртта на Махс Амини се уште траат во Иран и тие го свртеа вниманието на светската јавност кон правата на жените во оваа земја. Многу светски претставници им дадоа поддршка на жените во Иран, додека локалните власти изразија жалење за смртта на младата девојка, но велат дека анархијата на улиците не е дозволена.

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....