5.8 C
Скопје
05:12 - 1 април, 2026

(Видео) Во Ватикан започна церемонијата на збогување со папата Бенедикт Шеснаесетти: Се очекува присуство на повеќе од 100.000 верници

Погребната церемонија на папата Бенедикт Шеснаесетти започна на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пренесува во живо прес-службата на Ватикан.

Според италијанските медиуми, на церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 100.000 верници.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони пристигнаа да се простат од понтифот.

Папата Бенедикт Шеснаесетти почина на 31 декември во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан на 96-годишна возраст.

На 28 декември папата Франциск објави дека неговиот претходник, папата Бенедикт, бил многу болен. Тој ги повика вериците да се молат за него.

Германскиот кардинал, теолог Јозеф Рацингер се искачи на папскиот престол во 2005 година по смртта на неговиот претходник Јован Павле Втори, и го зеде името Бенедикт Шеснаесетти.

На 11 февруари 2013 година, Бенедикт XVI ја објави својата одлука да абдицира од тронот на Светата столица поради влошена здравствена состојба. Титулата почесен папа ја добил во пензија и оттогаш живееше во еден од ватиканските манастири.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....