28.8 C
Скопје
11:31 - 11 септември, 2026

Чарлс III сака да се смири со принцот Хари: „Вратата останува отворена за војводата и Меган Маркл“

Кралот Чарлс III сака да се смири со принцот Хари, информација што е спротивна на неодамнешната изјава на војводата од Сасекс. За ова пишува Телеграф, повикувајќи се на извори.

„Луѓето блиски до кралот инсистираат на тоа дека тој отсекогаш јасно кажувал колку ги сака двата сина, одржувајќи ги можностите за комуникација отворени во текот на изминатите неколку години, и покрај многуте обвинувања кои стигнаа од Калифорнија (каде што живеат принцот Хари и Меган Маркл), изјавил инсајдерот за Телефграф.

Извори за британскиот весник изјавија дека приказната на принцот Хари е „погрешна“, додавајќи дека таткото и синот се во контакт и се сретнале неколку пати за време на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во јуни 2022 година.

Нивната врска „некогаш била напната“, но кралот „потврди дека неговата врата останува отворена за војводата и Меган Маркл кои можат да бидат примени во секое време“.

Принцот Хари зборуваше за каналот ITV за неговите затегнати односи со кралот Чарлс и принцот Вилијам, тврдејќи дека сака да ги „врати“ татко му и брат му. „Не треба да биде вака“, рече тој. Принцот исто така нагласи дека сака „семејство, а не институција“.

И покрај нивната затегната врска, Чарлс III планира да ги покани Хари и Маркл на неговото крунисување на 6-ти мај.

Слични објави

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо
Се вчитува....