01:20 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) Тања Савиќ не можеше да ги сопре солзите: Нашиот Бобан Цаневски „растури“ во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“

Познатата српска ѕвезда Тања Савиќ не можеше да ги задржи солзите во емисијата „Никогаш не е доцна“ , кога нашиот натпреварувач Бобан Цаневски (45) го пееше големиот  хит на Здравко Чолиќ – „Као моја мати“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)


Нашиот Бобан буквално брилијираше на големата сцена, а неговото емотивно пеење не ја „допре“ само Тања, туку и водителот Жика Јакшиќ, како и целата публика во студиото…

По завршувањето на неговиот настап жирикомисијата не штедеше пофални зборови за интерпретацијата на Боби:

„Бобане, јас многу ја сакам Македонија, многу го сакам Скопје. Ти вечерва ме погоди со оваа песна, дури и солзи ми потекоа кога кажа: „Кад ти једном срце сломе, не верујеш никоме“- кажата пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

„Доста  години имам, доста кустоси имам запознаено, но мислам дека сте најдобриот пејач – кустос кој сум ги запознал“ – беше коментарот на Франо Ласиќ.

„Бобане, ми ја расплака Тања, јас не знам што да ти кажам. Можеби треба да направиме пауза со снимање – кажа познатиот композитор Маре.

Се разбира, Бобан Цаневски после овој настап оди директно во следниот круг од ова големо музичко натпреварување.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....