17:30 - 5 декември, 2025

(Видео) Што содржат следните епизоди на документарецот „Хари и Меган“: Еве како изгледала приватната свадбена забава полна со ВИП личности, Хари и Меган „лудо“ танцувале на подиумот

Војводата и војвотката од Сасекс им даваат на фановите интимен поглед на нивниот свадбен дочек во новиот трејлер за серијата на Нетфликс, Хари и Меган, која премиерно беше прикажана минатата недела и ќе продолжи со епизодите од 4та до 6та во четврток, на 15 декември.

Принцот Хари (38) и Меган (41) беа фотографирани како се вртат на подиумот за време на забаватаво Фрогмор Хаус, Виндзор, каде всушност свадбената веселба продолжи по службата во капелата Сент Џорџ и дочекот за ручек во замокот Виндзор.

Зборувајќи во претстојната епизода, Меган објаснува дека сакале нешто лесно и енергично за нивниот прв танц:

„Сакав музиката да биде забавна за нашиот прв танц“, вели таа, пред да го забавува Хари пеејќи дел од песната: „Тоа беше нашиот прв танц. Беше многу забавно, се вртевме како виор. Беше прекрасно”.

На ексклузините  фотографии од настанот  се гледаат Хари и Меган понесени од музиката додека бендот свири на сцената зад нив. А во позадина е низа од познати пријатели и роднини на парот.

На една фотографија, Меган му се насмевнува на Сер Елтон Џон, додека нејзината најдобра пријателка Миша Нону, стилистка, гледа во кралскиот пар во друштво на нејзиниот сопруг Мајк Хес, наследник на американскиот гигант „Хес Оил“. Друга сцена прикажува две нејзини блиски пријателки, колешката од Suits, Абигејл Спенсер (која се појавува во документарецот на Нетфликс) и Џесика Малруни (чија ќерка Ајви беше деверуша на свадбата) како позираат на масата полна со јадење.

Потоа, тука е фотографијата од згодниот принц Хари со откопчана кошула, позирајќи прегрнат со некои од неговите најблиски пријатели. Последната снимка ги прикажува Мајк и Зара Тиндал како настапуваат на преполниот подиум за танцување.

Првите три епизоди од серијата која се емитува на Нетфликс, премиерно на 8 декември, ги прикажуваа раните денови на врската на парот, од нивниот прв состанок до предлогот за брак на Хари во палатата Кенсингтон.

Серијата, исто така, покажа снимки од детството на Хари и Меган, откривајќи како нивното потекло и семејства ги обликувале во тоа што тие станале. Во епизодите се допреа и теми како што се расизмот, Британската империја и улогата на британскиот печат во одлуката на војводите од Сасекс да го напуштат кралското семејство.

Третата епизода заврши со подготовките за венчавката на парот во мај 2018 година. Трејлерот сугерира дека четвртата епизода ќе започне од тука, на задоволство на нивните обожаватели кои ќе можат да ги дознаат деталите за приватната свадбена прослава што се одржа во голема тајност.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....