7.8 C
Скопје
05:17 - 2 април, 2026

(Видео) Што направи Меган кога ги виде Вилијам и Кејт?

Ако многумина се надеваа дека враќањето на Хари и Меган ќе означи прва фаза во помирувањето со Вилијам и Кејт, сега се длабоко разочарани. Изгледа дека војводите од Кембриџ и Сасекс не постигнале напредок во поправањето на нивните односи. Напротив.

Студенилото беше опипливо меѓу двата пара за време на нивната средба на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета. Некои видеа кои станаа вирални на социјалните мрежи, на пример, ја покажуваат реакцијата на Меган Маркл.

Неколку недели по завршувањето на прославите за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, всушност, продолжуваат да се појавуваат снимки и видеа кои нагласуваат некои моменти кои останале незабележани. Едно од нив се однесува на пристигнувањето на принцот Вилијам и неговата сопруга во катедралата за мисата на благодарноста.

Досега, фановите и медиумите ја забележаа само впечатливата оддалеченост на војводите од Кембриџ од војводите од Сасекс. Некои кралски експерти го коментираа фактот дека браќата седеа еден од друг оддалечени, но, не е само тоа…

За време на нивната кратка посета на Англија, принцот Хари и Меган Маркл многу малку се појавија во јавноста. За време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, парот се држеше настрана. Единствено кога се покажаа во јавност беше приликата за мисата во катедралата Свети Павле.

Но видеото кое е хит на социјалните мржи во последниве денови покажува дека кога принцот Вилијам и Кејт Мидлтон влегуваат во црквата, Меган Маркл го врти лицето без да ги поздрави – всушност, не сакајќи ни да ги погледне. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Instablog (@royalinstablog)

Понатаму, од веста која се појави во наредните денови, се дозна дека двете семејства не се сретнале ни далеку од центарот на вниманието. А семејството Кембриџ, згора на тоа, ја одбило поканата да учествува на роденденската забава на малата Лилибет Дијана, на која била присутна и кралицата.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....