7.8 C
Скопје
19:58 - 11 февруари, 2026

(Видео) Се појави снимка од Дубаи: Еве што правела Андријана Лазиќ пред да настрада паѓајќи од 24. кат!

Регионот вчера беше шокиран од веста дека пејачката Андријана Лазиќ (28) на 10 јануари паднала од 24. кат во зграда во Дубаи. Трагичната вест ја потврди и нејзиниот татко Небојша Лазиќ. Андријана на 7 јануари со другарките заминала во Дубаи, а само три дена подоцна се случила трагедија.

Нејзиниот татко Небојша на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од Андријана со пријателите на кое може да се види како таа уживала на пат кон Дубаи, но и таму.

 Видеото можете да го погледнете ТУКА.

– Она што го нарекуваме почеток е често и крај. А она што претставува крај е всушност само нов почеток. Крајот е местото каде што само почнуваме. Ова не е „збогум“, мое адвокатче, ова е едно големо „благодарам“. За нас нема разделба. Не сакам да се збогувам со тебе, каде и да си, секогаш ќе бидеш во моето срце – напишал нејзиниот татко во описот на видеото кое го објави на Фејсбук.

Вчера за српска „Република“ се огласи братот на Андријана, Томислав, кој си ја отворил душата по семејната трагедија која сите ги остави без зборови.

– Сестра ми настрада и што друго да ви кажам… Полицијата ни кажа дека се работи за несреќен случај, така пишува во извештајот. Смртта настанала од пад. Не знаеме ништо повеќе од тоа. Се надеваме дека погребот ќе биде задутре доколку телото утре биде пренесено овде. Прво треба да се среди еден документ и потоа да почне постапката. Амбасадите направија сè како што треба, навистина секоја чест за работата… Сè завршија за пет минути кога стигна известувањето од агенцијата. Ништо повеќе не можам да ви кажам. Луѓето за сè дознаваат преку вестите, па некои така ни се јавуваат – рекол неуштениот брат на загинатата пејачка за „Република“.

За потсетување, Андријана Лазиќ (28) беше млада пејачка од Бјелина, на почетокот на нејзината пејачка кариера. Пред да замине на патувањето во Дубаи, таа сними две песни кои требаше да бидат објавени наскоро. Инаку, таа по професија е правник, а била вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Слични објави

8.000 евра за насмевка, 2.500 евра за усни, 7.000 евра за нос… Дара Бубамара вложила вртоглава сума во својата убавина, а за бујните гради платила баснословен износ

Еспресо

Нада Топчагиќ откри кои големи хитови ги одбила: „Таа песна ќе беше круна на мојата кариера“

Е.А.

(Фото) Луна Ѓогани го покажа рамниот стомак: По две породувања изгледа совршено, а сега откри како ја достигна посакуваната тежина

Еспресо

Од спалната се влегува во луксузно купатило: Погледнете како изгледа станот на Огњен Амиџиќ, за реновирање дал околу 100.000 евра

Еспресо

(Фото) Џенифер Лопез и на 56 години изгледа совршено! Пејачката ја откри нејзината тајна за фит тело

Еспресо

(Видео) Биску до трагедија: Ѓорѓе Давид бил сведок на пијан возач кој возел во спротивен правец!

Еспресо
Се вчитува....