15:53 - 2 април, 2026

(Видео) Потресни сцени од пред куќата на Метју Пери: Мајка му и татко му скршени од болка

Родителите на Метју Пери (54), американскиот актер кој сите го знаеме по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, пристигнаа пред неговиот дом во Лос Анџелес, каде што славниот актер беше пронајден мртов.

Само најблиските членови на семејството на Пери можеле да стигнат до вилата на Пери, а мајката Сузан, таткото Џон и очувот Кит Морисон биле видно потресени.

Пери бил пронајден онесвестен во џакузито, а веднаш по пријавата на лице место пристигнала и полицијата која го блокирала пристапот до куќата.

Таткото на Метју, Џон Бенет Пери , кој пристигнал веднаш по полициските екипи, исто така бил на местото на настанот. Фоторепортерите го фотографирале и возилото на судскиот совет, а пријателите на Метју и бројните обожаватели се собрале во близина на куќата. Медиумите пишуваат дека токму мајката Сузан морала да го идентификува неговото тело.

Според пишувањето на светските медиумо, Пери се удавил во својот дом. Полицијата пристигнала во четири попладне по локално време, и го пронашла телото на актерот. Нема индиции дека се работи за насилна смрт, а точната причина за смртта се очекува да биде објавена по истрагата.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....