17:17 - 1 април, 2026

(Видео) Попоски ги предвиде поплавите, во Делчево големо невреме: Во следните десет дена голема претпазливост!

Делчево и околината денес го зафати големо невреме.

Невремето со силен ветер, обилни врнежи од дожд и град, започнало околу 16:30 часот, а поплавени се повеќе објекти – згради, куќи, подруми, дворови.

Предизвикани се и материјали штети, а екипите се веќе на терен за санирање на последиците од невремето.

Кликнете на видеото за да видите дел од страшната глетка и поплавени возила.

– Под влијание на нова циклонска активност, повторно од југоисток, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса, во следните десет денови во Македонија повторно ќе имаме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време, во попладневните и вечерните часови на многу места ќе има поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, напоменува Попоски кој ги предвиде досегашните поплави во Македонија, вклучително и ова невреме.

Попоски и понатаму предупредува на голема внимателност.

Во деновите кои се пред нас исто така постои опасност од нови локални и ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ, зголемување на нивоата на реките и на езерата низ Македонија, како и можно излевање на некои реки – прогноза од Славчо Попоски за невремето прочитајте ТУКА.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin
Се вчитува....