12:03 - 31 јули, 2026

(ВИДЕО) Памела Андерсон го освојува Бродвеј, „ЧИКАГО“ распродаден, публиката – фасцинирана!

Памела Андерсон на Бродвеј? Да молам! Малкумина го очекуваа тоа, но сепак актерката од Baywatch „знае како да танцува и пее и е многу забавна во нејзиниот дел“, вели Џони Олексински во Њујорк пост по дебито на 54-годишната поранешна спасителка на плажа и зајачица на Плејбој во мјузиклот Чикаго, играјќи ја Рокси Харт, во вторникот, 12 април 2022 година. Репризите се закажани до 5 јуни, а се бара карта повеќе!

Аплауз и цвеќиња за првиот настап на Пем која по долго отсуство изгледа сака да си го врати местото во светот на забавата – она на легендарна забавна фигура, по што беше препознатлива во текот на нејзината кариера и – особено со „бумот“ во 90-тите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chicago The Musical (@chicagomusical)

Памела Андерсон немала улога во филм или во ТВ шоу од 2018 година. За враќање во јавноста ја избра Рокси, жена од 1920-тите која врши прељуба, го убива својот љубовник и станува миленичка на таблоидите. Веројатно совршена улога за актерката, која знае што значи да се биде во центарот на вниманието.

„Кога нејзината Рокси е бомбардирана од новинари и трепка со очите пред судот, Андерсон изнесува на сцената карактер што, намерно или не, ја издвојува од другите изведувачки на Рокси кои толку често претеруваат со врисоци и емоции“, додава Олексински. .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chicago The Musical (@chicagomusical)

Чикаго, мјузиклот на Боб Фос, кој наиде на само скромен успех во 1975 година, го привлече вниманието на јавноста благодарение на преработките од 1996 и 1997 година. Денес е меѓу најреплицираните претстави во светот, а секако и на Бродвеј.

Во 2002 година мјузиклот ја доби и својата филмска верзија, во режија на Роб Маршал со, со врвна актерската екипа, Рене Зелвегер, Кетрин Зета-Џонс и Ричард Гир. Филмот Чикаго освои дури шест Оскари, вклучително и Оскар за најдобар филм.

 

 

Слични објави

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо

Заедно се повеќе од две децении и покрај бројните искушенија, а нивната приказна е судбинска

Е.А.

Хороскоп за 31 јули: Вагите ќе имаат несогласувања со партнерот, Рибите ги очекуваат предизвици на работа

Еспресо

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо
Се вчитува....