8.8 C
Скопје
22:18 - 10 април, 2026

(Видео) Ова е ремек-дело! Јелена Карлеуша спектакуларно го прослави роденденот, го сними најскапиот спот во кариерата за „Бенга“

Српската поп дивата Јелена Карлеуша вчера, 17 август, славеше роденден и одлучи овој посебен ден да им го направи незаборавен на своите обожаватели.

За да ја одбележи оваа прилика, поп-ѕвездата ги изненади своите обожаватели објавувајќи го спот за песната „Бенга“, од нејзиниот албум „Алфа“ кој излезе минатата година. Не е тајна дека Јелена Карлеуша е позната по своите високобуџетни проекти, меѓутоа, за песната „Бенга“ платила дури половина милион евра, што го предизвика вниманието кај јавноста.

Оваа песна, иако Јелена претходно истакна дека е омаловажена, стана една од најслушаните во регионот, а сега и низ светот.

Додека песната „Бенга“ веќе привлече големо внимание и стана хит на глобално ниво, спотот за неа носи уште едно ниво на возбуда.

Низ целиот свет обожавателите се снимаат со оваа песна, која букна и предизвика тотален хаос.

Јелена Карлеуша одлучи да ги израдува своите обожаватели со висококвалитетно видео, кое секогаш е нејзин заштитен знак.

Карлеуша во новиот спот уште еднаш го покажа својот препознатлив стил и продукциски квалитет, а спотот веќе предизвика голем интерес и воодушевување кај нејзините обожаватели.

Погледнете како изгледа најновото дело на Јелена Карлеуша и уживајте во нејзиниот роденденски подарок.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....